Награди за Kia во изборот за 2023 година понесоа и Kia Carnival, како најдобар семеен автомобил, и Sorento, со наслов на најдобар СУВ на 2023 година.
Оперативниот директор на Kia за Америка, Стивен Сентер, ја коментира наградата, „горди сме што ја освоивме титулата на Cars.com за Најдобар автомобил на 2023 година со Niro HEV, којашто е една од трите погонски варијанти што ги нудиме во моделското семејство на Niro.“ Според шефот, Niro е резултат од посветеноста да се конструираат возила што освојуваат награди, за потребите на денешницата и за мобилноста во иднината.
Автомобилските експерти на Cars.com го избраа победникот за Најдобар автомобил за 2023 година, раководејќи се според три подрачја: Квалитет, иновативност и противвредност. Изборот се состои од шест различни категории: Најдобар автомобил, најдобар СУВ, пипак, семеен автомобил, луксузен автомобил и електричен автомобил.
Уредничката на Cars.com, Џени Њумен, цени дека „Niro HEV се најде на врвот на нашите рангирања, поради достапноста, штедливоста, функционалните Aero Blade и впечатливиот изглед, внатре и надвор. Гамата на Kia Niro се состои од три погонски варијанти – чисто електрично возило, приклучен хибрид и хибрид. „Неговата потрошувачка од 53 mpg (4,4 l/100 km) ги одушеви нашите автори“, кажува Њумен.
View this post on Instagram
Kia Niro од годинава ќе почне да се продава и во Македонија, што ќе биде премиера за електрифицираниот погон во гамата на домашниот пазар.