за

Овие модели на Volkswagen ретко кој ги знае

Volkswagen обично произведува модели што се мошне познати, модели во милионерски формат. Богатата историја на Волфсбург сепак познава и исклучително ретки модели.

Груман Курбват, Ге-Еф Баги, Гургел Ксаванте. Тоа се модели на Volkswagen што се вистински реткости, дури и настрана од бестселерските стандарди на Golf или Passat. Четири модели од историјата, за коишто во друштво може да се обложите дека никој не ги познава.

Близу 40 милиони примероци од Golf се произведени досега. Дури и Бубата заостанува, со 21.528.480 примероци. Passat исто така има надминато 30 милиони примероци. Некои модели сепак се далеку од претставата за модел на Volkswagen, во поглед на продукцијата, но и воопшто во поглед на присуството на автомобилската сцена.

Karmann GF Buggy (1971)

New item by Automedia MK / Google Photos

Багито веројатно е најпознато од најмалку познатите модели на Volkswagen. Тоа почна да се произведува во фабриката на Karmann во Оснабрик и под името Buggy во почетокот се нудеше само како кит за купувачот сам да го монтира возилото. Од 1971 година веќе се нудеа и комплетно доработени возила. Спортскиот автомобил за разонода, со целосно отворена каросерија, како основа ја користеше шасијата на Бубата. Дизајнот беше инспириран од Америка. Тоа беше првиот Баги произведен во серија во Германија. До 1977 година се изработија само 1.200 возила. Кратенката GF доаѓа од Gute Fahrt, што ние го кажуваме „среќен пат“.

Volkswagen T2-Elektrotransporter (1972)

New item by Automedia MK / Google Photos

Извесен Адолф Калберла во 1970 година основаше одделение за развој под името „Zukunftsforschung“, германска кованица што значи истражување на иднината. Од тоа одделение произлегоа првите електрични возила на Volkswagen. Две години подоцна, Volkswagen претстави доставно возило конструирано врз база на T2. Првите примероци служеа за тестирање, а подоцна беше изработена и мала серија. Возилата добиваа најразлични каросериски надградби. Досегот беше повеќе од скромен, 50 километри. Батеријата од 880 килограми се отстрануваше од подот на возилото. Од 1972 година без изработени 120 примероци, исклучиво во рачна работа.

Gurgel Xavante X-12 TR (1978)

Gurgel Xavante X-12 TR беше развиен во соработка со Volkswagen do Brasil. Пластичната каросерија беше едноставно поставена врз шасијата на Буба. Марката Gurgel, именувана според основачот Жоао Аугусто Кондаро до Амарал Гургел, имаше намера да нуди евтини модели како алтернатива на Буба, што лесно ќе се поправаат. Во 1976 година почна извозот на Gurgel X-12 Xavante во Холандија. Производството на автомобили во Gurgel заврши во 1995 година, по околу 43.000 возила.

Grumman Model 70 Kurbwatt (1983)

New item by Automedia MK / Google Photos

Во САД кон крајот на 1970-те години исто така беше развиена електрична алтернатива на поштенските возила со обичен погон. Grumman Model 70 Kurbwatt, изработен со компоненти од Volkswagen, преставуваше одговор на United States Postal Service на високите цени на бензинот за време на нафтената криза. Поради високата цена на батериите, но и поради завршувањето на кризата, од ова необично возило беа изработени само 40 примероци.

Volkswagen T-Roc или моделот што му должи милион купувачи на Golf

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сајмон Хамфрис, главен дизајнер на Toyota: „Дизајнот ја визуелизира иднината“

Олдтајмери вредни милиони ќе се продаваат масовно во Монтереј