за

Сајмон Хамфрис, главен дизајнер на Toyota: „Дизајнот ја визуелизира иднината“

Главниот дизајнер на Toyota со глобална одговорност, Сајмон Хамфрис, ја открива суштината на дизајнот на Toyota и зборува за новото поглавје што се отвора во приказната за Crown.

Што е тоа што прави еден автомобил да биде добар? Секако дека дизајнот е основен елемент во секој одговор на тоа прашање. Но, што значи дизајнот за Toyota и за нејзините клиенти? Тоа се прашања што дизајнерите постојано ги си поставуваат.

Роден во Обединетото кралство, Хамфрис уште како дете црта умешно. На негови 13 години, еден од учителите му препорачал да размисли дали сака да стане дизајнер. Тоа било поттик за тој да почне да се интересира за тоа поле.

Хамфрис

Оттогаш почнав да го изучувам дизајнот, а потоа и на Универзитет, за во 1998 година да победам на натпревар во дизајн што го спонзорираше една јапонска корпорација. Нивната покана да ја посетам Јапонија беше пресвртницата за мене. Помнам колку бев одушевен од Акихабара, којашто беше уште похаотична отколку што е денес.

По таа прва посета на Јапонија, тој се врати во Обединетото Кралство и работеше во фирма за дизајн, но не го забораваше своето искусво во Јапонија. Во 1989 година, тој се врати и се вработи во фирма за дизајн во Нагоја, кадешто работи шест години. До тој момент, тој повеќе беше специјализиран за дизајн на производи, отколку на автомобили.

Хамфрис

Иако продолжив да работам на дизајн на производи, во моите мисли постојано сакав да се обидам со автомобилски дизајн.

Немав автомобилско искуство, но сметав дека дизајнот на производи и дизајнот на автомобили ги содржат истите елементи, така што се обидов во Toyota и ме примија. Се сеќавам колку бев среќен тој ден.

Тоа е во 1994 година, во време кога во одделението за дизајн на Toyota во Јапонија не постојат дизајнери што не се Јапонци

Toyota Compact Cruiser EV, дизајниран во европскиот центар за дизајн на Toyota (ED2) во Франција, пто освои Car Design Award во 2022 година.

Хамфрис

Тогашниот директор ми објасни дека причината за моето вработување е потребата од персонал со искуство во дизајнерската култура од светот. Тие исто така имаа потреба и од познавање на компјутерска графика. За среќа, ги имав двете.

Две основни гледишта кон дизајнот на Toyota

Што точно работи Хамфрис денес, како главен дизајнер со глобална одговорност? Тој откри две основни перспективи за автомобилските дизајнери на Toyota.

Хамфрис

Едната е перспективата на Toyota, којашто гледа во правецот во којшто е насочена компанијата и гледа какви постоечки вредности таа може да понуди. Секако, начинот на размислување на Акио Тојода има големо влијание.

Другото гледиште е од страната на клиентот. Со други зборови, тоа е перспективата за тоа што пазарот го бара.

Дизајнерот секогаш е меѓу тие две перспективи. Мора да гледате во двете насоки, да ги разберете нивните потреби и на пораката да ѝ дадете форма. Тоа е работата на дизајнерот.

Јасна претстава за иднината исто така е клучна задача за дизајнерите.

Хамфрис

Акио има јасна претстава за насоката на движење. Неговата порака не е „направи ова“, туку повеќе е „оди во таа насока“.

Таа насока потоа станува наша задача. Дизајнерите мора да се способни да ја видат таа насока, да ја разберат и да ѝ дадат форма. Клучно е целиот тој редослед да се почитува.

Таа насока за којашто зборувам, во многу нешта е како сон. Некои сонови се магловити и неодредени, додека други се јасни, но тешко се достигаат. Ние како дизајнери мораме да ги држиме очите отворени и да гледаме во секоја насока, за да бидеме подготвени да посгнеме по сите тие видови соништа.

Дизајнерите мора да бидат способни да создадат претстава за иднината, во исто време земајќи ја предвид стратегијата на компанијата, намерата на врвниот менаџмент, и барањата на пазарот. Осмислувањето на дизајнот е метода на организирање и ориентирање на нејасни нешта, и токму тоа е улогата на дизајнерот што ја опишува Хамфрис.

Micro Box е флексибилно мини возило што може да се користи или како возило за достава или за изнајмување

Посебно е интересно тоа што каросеријата е изработена од рециклирана полистиренска пена, што од една страна е безбедна, a од друга овозможува корисниците по ниска цена да ги заменуваат деловите.

Возачите можат својот телефон да го користат како систем за навигација

Зошто Toyota не применува униформистички дизајн

Хамфрис

Нештата како што се заоблени или остри рабови, повеќе се стилски детали, отколку што се дизајн. Тие може општо да се ценат како дизајн, но реално тие се само на површината. Вистинската сушптина на дизајнот е решавање на проблемите, а најважниот дел од решавањето на проблемот е изборот на концептот.

Земете го на пример, штотуку најавениот нов Crown. Акио ми рече, „Ако сакаме да направиме Crown да биде автомобил што ќе биде релевантен за иднината, верувам дека е време за голема промена“. Тоа е насоката што тој ми ја покажа.

Тој додаде и дека „15-та генерација на Crown што ја нудиме денес е исто како петнаесеттата и последна генерација шогуни во периодот на феудалната Токугава. Мораме да почнеме нова ера за Crown, како што е ерата Меиџи што следеше по Токугава“. Тие зборови послужија како основа за новиот Crown.

Јасно беше дека тој сака голема промена. Со таа насока, дизајнерите можеа суверено да се впуштат во предизвикот.

Иако зборовите на Акио – повлекувањето паралела со јапонската историја – беа апстрактни, Хамфрис се сеќава дека „во одредена смиала, тие содржеа неверојатно одредена насоки“.

Хамфрис посочува и дека е клучно да се земат предвид повеќе барања, не само за новиот Crown, туку и за дизајнот во целата понуда од модели на Toyota.

Хамфрис

Користењето единствен дизајн за сите автомобили е еден од начините на пристап кон менаџментот на бренд. Во Toyota, сепак, насоката е секој автомобил да се направи да биде уникатно искуство за клиентите.

За клиентите што избираат еден автомобил од сите опции што се понудени, зарем не е подобро кога тие се во можност да го најдат најдобриот автомобил за себе, отколку да бараат меѓу низа автомобили што имаат ист дизајн? Нашата цел е клиентите да се чувствуваат среќни од својот избор на автомобил.

Хамфрис стои зад два концептни автомобили, едниот во лимузинска изведба (лево), другиот модерна лимузина со повишено подвозје (десно).

Како што продолжува издвојувањето на вредностите, конструирањето автомобили во Toyota нуди најдобри решенија за сите. Хамфрис смета дека тоа е строго јапонска методологија. Тој објаснува користејќи пример со пиво во продавница.

Зошто во продавниците во Јапонија има конзерви пиво од 135ml?

Хамфрис

Истата марка пиво е достапна во најразлични големини во јапонските продавници. 1L, 500ml, 350ml… а најмалата е 135ml.

Зошто е така? Причината е во тоа што луѓето ги сакаат сите овие големини. Во исто време, тоа е инспирирано од креативните идеи за новите начини на размислување околу тие големини.

Со други зборови, дизајнерите на Toyota развиваат возила што одговараат на најразновидни потреби на клиентите, вклучувајќи бројни хобија и животни стилови, додека тие во исто време се средства за мобилност.

Хамфрис

Toyota е исклучително сериозна кога се размислува за корисниците. Сакам луѓето да го разберат тоа. Суштината на Toyota не е само во тоа да производува автомобили што ги сака, ниту пак Toyota го прави само тоа што го кажува пазарното исгтражување; Тоа е компанија со своја јасна цел.

Акио е клучен дел во одржувањето на кревкиот баланс меѓу промовирањето автомобили што се произведени за одредена цел и меѓу маркетинг на вредности.

Тоа се постигна преку реформата во производството автомобили во рамките на Toyota New Global Architecture (TNGA), којашто има за цел уште подобро дизајнирање и конструирање на автомобилите.

Разликата во тоа да се има претседател што ги обожува автомобилите

Хамфрис

Најважниот фактор за нас е тоа што, Акио не само што е прв човек на компанијата, туку и самиот е обожувател на автомобилите.

Кога врвниот менаџмент е заинересиран за дизајнот на автомобилите и излегува со коментари за насоката што треба да се прифати за автомобилот, како што е „направете во возењето повеќе да се чувствува моќта“ или „направете да биде подобра на тркачка патека“, можеме да најдеме нови предизвици и гледишта. Надминувањето на тие предизвици може да доведе до повисоко ниво на дизајн.

„Добро е кога нема јасни одговори“, Хамфрис постојано го спомнува тоа. Место да ги испраќа своите дизајнери да градат куќа на песок без цврста подлога, Toyota создава дизајн преку постојаната размена на идеи.

За крај, Хамфрис откри колку е сложена улогата на дизајнерот.

Хамфрис

Дизајнот ја визуелизира иднината. Кога автомобилот ќе се појави во светот, тој веќе е нешто од минатото. Да бидам многу искрен, тоа може да биде силно емотивно напрегање.

Причината е во тоа што мораме да погледнеме критички кон нашите креации откако тие ќе се појават на пазарот, за да најдеме точки за подобрување. Во спротивно, не би можеле да направиме чекор напред. Но, верувале или не, во тоа е забавното при дизајнирањето автомобили во Toyota.

Сајмон Хамфрис, главен дизајнер во Toyota Motor Corporation

Роден и образуван во Обединетото Кралство, тој ја започнува својата кариера во 1988 година како дизајнер на производи, пред да се вработи во Toyota Motor Corporation во 1994 година.

Во почетокот, тој рботи на напреден дизајн и во 2002 има водечка улога во воспоставуањето и примената на дизајнерските филозофии на Toyota (Vibrant Clarity) и на Lexus (L-finesse).

По раководењето со најразлични проекти, како во напредниот така и во производствениот дизајн, тој е назначен за претседател на ED2 (Toyota European Design Development), каде што неговиот тим се посветува на најразлични проекти за дефинирање на трансформацијата на Toyota во компанија за мобилност.

Во 2018 година, тој е именуван за главен дизајнер, за марките Toyota и Lexus.

Една не е доволна, Toyota сега има четири круни

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Avensis и Address се двата нови скутери на Suzuki

Овие модели на Volkswagen ретко кој ги знае