за

Avensis и Address се двата нови скутери на Suzuki

Убави вести од Suzuki за љубителите на скутери. Европскиот пазар наскоро ќе го добие Address 125, што веќе подолго време се продава во Индија, додека Avensis 125 е сосем нов модел во понудата.

Suzuki има продадено повеќе од четири милиони примероци од Address 125, откако стартуваше продажбата на овој скутер на големиот индиски пазар. Производителот од Хамамацу очекува дека успехот на овој скутер со воздушно ладен мотор од 124 сантиметри кубни ќе се повтори и во Европа, иако тука не може да се очекуваат милионски продажби.

Технологијата со којашто располага Address 125 се води како Suzuki Eco Performance и има голема заслуга за вредноста на потрошувачката од гориво од само 1,9 литар на сто километри. ЛЕД светла напред и назад се грижат за безбедност и воедно му даваат препознатлива појава на скутерот. На седиштето има доволно простор за двајца, а во вообичаената преграда оздола има простор за кациги и за ситни предмети. Напред има уште една преграда, што е опремена со USB-приклучок.

Сосем нов модел во понудата од скутери e Suzuki Avensis 125. Тој исто така стартуваше со продажба во Индија годинава, а од следната година ќе почне да се испорачува ширум Европа. Моторот е идентичен со Suzuki Address 125, што значи дека и тука може да се очекува ниска потрошувачка на гориво.

Најголемата разлика меѓу двата модели е во изгледот. Avensis 125 има повеќе стилизиран издувен лонец, целиот опаш има клинеста форма, а ЛЕД-светлата со остри црти му даваат спортски изглед на скутерот. Возачот ги добива сите потребни информации преку дисплеј со течни кристали.

Продажбата во Европа ќе стартува наесен, но цените не се објавени за ниту еден пазар. Двата нови скутери со цената би требало да се движат на нивото со постарите модели на скутери на Suzuki со мотор од 125 сантиметри кубни.

Suzuki Address 125

New item by Automedia MK / Google Photos

Suzuki Avensis 125

New item by Automedia MK / Google Photos

Hayabusa: Сивиот сокол на Suzuki се врати со 190 КС и 299 km/h

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Голем Citroen, малку на струја, активно подвозје: Што повеќе од тоа?

Сајмон Хамфрис, главен дизајнер на Toyota: „Дизајнот ја визуелизира иднината“