за

Голем Citroen, малку на струја, активно подвозје: Што повеќе од тоа?

Фамата за голем Citroen уште е моќна како во времето на DS и CX. Новиот Citroen C5 заокружува една целина со приклучниот хибриден погон, и секако со активното подвозје.

Не постои марка што повеќе се поврзува со активно подвозје од Citroen. Откако храбрата поранешна шефица Линда Џексон го пушти C4 Cactus, сцената повторно ужува кога марката со впарените запци во маската ги прави автомобилите поразлични од другите. Дојде време да се круниса и врвот на пондуата на марката, а C5 X Plug-In Hybrid го прави тоа најдостоинствено.

Специјално во изведбата на новиот C5 X со приклучен хибриден погон, Citroen вградува активна суспензија, како дел од Citroën Advanced Comfort. Тоа е спој на суспензија со прогресивни хидраулични мевови, што се познати од C4, C5 Aircross и од верзиите на C5 X со бензинец и дизел, со електронска контрола на работата на амортизерите.

Суспензијата на секое тркало се контролира посебно и во реално време, со цел со брза и соодветна реакција на амортизерите да се постигне уште повисок комфор во возењето. Тоа значи дека C5 X со активна суспензија реагира уште помеко на нерамнините, но во исто време се задржува и контролата на движењето на каросеријата. За сето тоа се грижи постојаната електронска контрола на амортизерите.

Со активната суспензија што е дел од програмата Citroen Advanced Comfort, производителот направи чекор понапред во спроведувањето на својата програма за напреден комфор, Citroën Advanced Comfort. Менаџерите ветуваат невиден комфор во категоријата на C5 X и најрелаксирано патување.

 

Како дејствува технологијата Citroen Advanced Comfort Active Suspension

Сензори го надгледуваат патот и нерамнините на патот, пренесувајќи ја информацијата до компјутер што постојано ја пресметува соодветната реакција на амортизерите, со цел да се постигне врвен комфор.

Исто како контролата на стабилноста ESP, контролираната суспензија располага со четири сензори што се чувствителни на вертикални движења и три сензори за брзината на тркалата. Преку овие сензори се анализираат движењата на каросеријата и ритамот на возењето. Се мери сé, од надолжно и странично забрзување, ротација на возилото околу вертикалната оска, завртувањето на воланот, брзината на вртење на воланот, педалата за гас, притисокот во сопирачките, оптовареноста на возилото. Сите овие информации се обработуваат во електронска контролна единица, којашто соодветно ја приспособува работата на амортизерите.

New item by Automedia MK / Google Photos

Преку оваа контрола се унапредува делотворноста во работата на прогресивните хидраулични мевови (Progressive Hydraulic Cushions), со тоа што на суспензијата ѝ дозволува уште малку дополнителна слобода, за при возење по автопат да се добие фамозното чувство на лебдење. Во исто време, се обезбедува и сигурна контрола на движењето на каросеријата, на пример при превоз на тежок товар, за возачот да стекне чувство дека C5 X се движи сигурно по патот.

Работевме четири години на развојот на оваа единствена техника, со цел да го постигнеме врвниот комфор што го овозможува Citroën Advanced Comfort Active Suspension

Денис Минере, шеф на развојот на суспензијата на C5 X

Citroen C5 X Plug-in Hybrid нуди четири режими на возење, коишто се вклучуваат преку бирачот во средишната конзола, зависно од видот на патот, односно желбите на возачот и патниците.

Четирите режими на возење на Citroen C5 X со приклучен хибриден погон

New item by Automedia MK / Google Photos

Во ЕЛЕКТРИЧЕН РЕЖИМ, погонската спрега работи целосно електрично, со тоа што Citroën Advanced Comfort Active Suspension се наоѓа во нормален режим на работа.

ХИБРИДНИОТ РЕЖИМ префрлува меѓу 100% возење на струја и возење со комбинирана работа на електромоторот и бензинецот. Активната суспензија останува во нормален режим.

Во КОМФОРНИОТ РЕЖИМ, погонската спрега работи во хибриден модус, но активната суспензија се префрлува во комфорен режим, за да го засили чувството на „летечки тепих“.

Работата на суспензијата во нормален и комфорен модус е слична, до брзини од 50 km/h, и главна цел е да се постигне мека реакција при ниска фреквенција на ударите од нерамнините во патот. Разлика се јавува над 50 km/h, за во комфорниот режим да се постигне врвна флексибилност, односно во нормалниот режим да се постигне најдобра комбинација од мека амортизација и цврста контрола на каросеријата, зависно од брзината.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во СПОРТСКИОТ РЕЖИМ, моторот е активен постојано, а електромоторот асистира по потреба, кога се бара врвна моќност. Управувањето, педалата за гас и менувачот работат подинамично. Активната суспензија исто така се префрлува во спортски модус, за да се добијат динамични возни својства.

Во Автонова веќе го очекуваат новиот Citroen C5 X да се појави во салон, а исто треба да се случи и домашна премиера на Citroen C5 Aircross во освеженото издание.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Тест · Citroen C3 · Рутината не е во речникот на овој автомобил

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sportage тогаш и сега: Споредба по пет генерации

Avensis и Address се двата нови скутери на Suzuki