Сите иновации што Toyota низ историјата ги има понудено во своите модели за извозните пазари, обично доживувале премиера во Crown. Низ историјата постоеле обиди моделот да се продава и во САД и Европа, но тие траеле кратко. Новиот Crown сака да ѝ стави круна на светската автомобилска сцена.
Новата генерација на Toyota Crown го наследува генот на иновативност и авангарда од претходниците, но прави суштинска отстапка со тоа што место само во лимузинска изведба, престижниот модел во иднина ќе биде достапен во четири каросериски изведби.
Прв стартува кросоверот, како спој меѓу лимузина и СУВ, со задолжителната иновација за моделското име Crown. Продажбта во Јапонија стартува наесен. Прво привлекуваат внимание огромните тркала, во контраст со каросериската форма што е едноставна, но оддава впечаток за автомобил со висок квалитет. Тоа што на луѓето им се допаѓа најмногу кај кросоверите, го нуди и Crown: Toa e седењето малку на повисоко, но и полесното седнување и излегување од автомобилот. Нагласок се става на просторното чувство, исто и на задната клупа.
Toyota нуди избор од две погонски изведби, двете хибридни. Едната користи нов 2,4-литарски бензинец со турбонатполнење, во комбинација со електромотор напред и електромотор назад, којшто е интегрален дел од електрична погонска оска. Клучната разлика е во тоа што Toyota првпат користи биполарна никел-хидроген батерија. Уште една клучна разлика е користењето 6-степен класичен автоматик, место менувач со променлив преносен однос (CVT). Новата батерија е помала и оддава повисок напон. Тоа значи дека Crown со овој погон забрзува подинамично и генерално потечно. Втората варијанта е класичниот и одличен хибриден спој со 2,5-литарски бензинец што работи според еткинсонов принцип.
Четири каросериски изведби ќе ја сочинуваат моделската гама на новата Toyota Crown: Кросовер, спортски модел, лимузина, комби
Toyota првпат „стави“ Crown во 1955 година. Тоа е првиот модел од големосериско производство на Toyota со самостојно развиена технологија. Оттаму влечат корените на иновативност и на авангарда што беа обележје на секоја генерација на Crown досега. Тоа е прв самостојно развиен луксузен автомобил по војната. Јапонскиот гигант цени дека напредокот во новата генерација е поголем од кога било досега.
Големата промена мораше да се случи, затоа што сцената повеќе не ја препознаваше Crown во нејзината првична улога на знаменосец, што е само едно скалило под Toyota Century. Колку се големи промените, сведочи и фактот што отсега ќе бидат на располагање четири варијанти на „круна“: Кросовер, лимузина, спортски модел и комби. Новата Toyota Crown ќе се продава во повеќе од 40 држави и региони.