за

Kia XCeed со нов изглед и со нова сила: GT-Line со 204 КС

Kia XCeed се вбројува меѓу најуспешните кросовери во компакт класата, со повеќе од 120.000 продадени примероци досега. Новото моделско годиште со освежен изглед и нова технологија стартува со продажба рано наесен.

Главната новина во гамата на Kia XCeed е вклучувањето на моделската изведба GT-Line. Моторот со 204 КС од ProCeed станува достапен и во кросоверот. XCeed е еден од моделите што се главни во градењето на имиџот на марката, па соодветно на тоа, моделот добива нови системи за безбедност, нови онлајн-функции и нови инфо-забавбни системи.

Дизајнерите во европскиот центар за дизајн на Kia го освежија стилскиот и впечатлив дизајн на XCeed во неколку подрачје. Грегори Гијом, потпретседател за дизајн во Kia Europe, изјави: „XCeed е најуспешниот модел во семејството на Ceed. Промените што ги направивме дополнитено го нагласуваат спортскиот, урбан и авантуристички карактер на XCeed.”

Новиот Kia XCeed располага со нови диодни светла и со редизајнирани маска, преден браник и отвори за воздух. Со додавањето на магленките во предните светла, дизајнерите изведоа странични канали за воздух во браникот, со коишто поделотворно се насочува воздухот околу тркалата, за на тој начин да се намали отпорот на воздух, односно да се намали потрошувачката на гориво. Назад има нов дифузор со заштитна плоча во сјајна црна боја и дискретно стилизиран издув.

Единствените каросериски делови што XCeed ги дели со стандардната Kia Ceed се предните врати

Зависно од моделската изведба, XCeed вози со тркала од 16 или 18 инчи, со гуми со димензија 205/60 R16 или 235/45 R18. Задните диодни светла прикажуваат впечатлива светлечка графика. Задниот поклопец и браникот добија неколку хоризонтални рабови, со што се постигнува впечаток како возилото да е уште пошироко и одлично лежи на патот.

New item by Automedia MK / Google Photos

GT-Line е меѓу нивоата на опрема што се најбарани во целата гама на Kia во последните години. Сега и XCeed ја добива оваа спортска изведба

По пример на Ceed, новата спортска изведба во гамата на XCeed има различен дизајн во повеќе подрачја. Новите хексагонални диодни светла назад и спортскиот долен дигузор, лакиран во боја на каросеријата, дава посебен изглед на GT-Line. Впечатокот го заокружуваат тркалата од 18 инчи со посебен дизајн и со дијамантска обработка. Динамика во појавата внесуваат и носачите за багаж и капите на ретровизорите во сјајна црна боја.

За новиот Kia XCeed се нуди избор од 12 бои, од коишто три се нови и впечатливи: Lemon Splash, Celadon Spirit Green и Yuca Steel Grey.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Контролите во средишната конзола се редизајнирани со цел да се олесни ракувањето и да се овозможи едноставно вклучување на функцијата без возачот да го оттргнува погледот од патот. Дисплејот од 12,3 инчи во повисоките нивоа доби нова графика и можност секој режим на возење да има различна тема на прикажување во дисплејот. Панелот во сјајна црна боја околу рачката на менувачот и новиот ретровизор со тенка рамка исто така се дел од освежувањето.

Внатрешноста добива шосебен печат во изведбата GT-Line, со спортски волан во форма на D, со црн таван, рачка на менувачот обложена со перфорирана кожа и специјалната облога на седиштата.

New item by Automedia MK / Google Photos

Промени има и во гамата на мотори. Во новиот Kia XCeed се вградуваат три бензинци со турбонаполнење и директно впрскување, почнувајќи од 1.0 T-GDi со 120 КС и 172 Nm, преку 1.5 T-GDi со 160 КС и 253 Nm, до моќниот 1.6 T-GDi од Ceed и ProCeed GT, со 204 КС и вртежен момент од 265 Nm.

Дополнителна погонска варијанта е приклучниор хибрид со батерија од 8,9 kWh, електромотор од 44,5 kW и мотор 1.6 Kappa, во комбинација со 6-степен менувач со двојна спојка. Системската моќност изнесува 141 КС, вртежниот момент 265 Nm, а со полна батерија може на струја да се вози 48 km, односно 59 km во град.

Тест: Kia XCeed 1.5 T-GDi

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Една не е доволна, Toyota сега има четири круни

Toyota и Suzuki развиваат електрично комбе за достава на пратки