за

Toyota и Suzuki развиваат електрично комбе за достава на пратки

Toyota, Suzuki и Daihatsu најавуваат електричен наследник на моделот што сцената го помни одлично како Carry. Малечкиот градски транспортер доаѓа брзо.

Електричниот погон им одговара на компаниите што вршат достава до крајниот корисник, одговара и за големата цел да се намали емисијата на СО2. Соработката меѓу Toyota и Suzuki продолжува со малечко електрично возило што ќе се користи во доставата на пратки и во логистиката.

Тоа што по нашите улици уште се врши главно со големи фургони што јурат покрај влезови во згради, светот веќе одамна сака да го замени со малечки транспортери што користат елеткрична енергија. Во голем број европски градови веќе е забрането со возило со обичен мотор да се пристапи во градското јадро. Околу предимствата на отсуството на емисија на СО2 и за тивкото движење во средината во којашто се живее и работи, повеќе нема двоумење.

Автомобилската корпорација Toyota и специјалистот за компактни возила и возила со погон на сите тркала Suzuki, овојпат ја прошируваат соработката со два партнери: Daihatsu, марка малечки возила што припаѓа на Toyota и во меѓувреме е замината од европскиот пазар, и јапонската корпорација за комерцијално партнерство во развој на нови технологии (Commercial Japan Partnership Technologies Corporation, CJPT). Четирите специјалисти подготвуваат малечок електричен транспортер, којшто ќе се користи за достава во град. Моделот стартува со продажба најдоцна до крајот на јапонската деловна година, односно до 31-ви март 2023 година.

Toyota во соработката го вложува своето искуство во електричниот погон, а од Suzuki доаѓа огромната експертиза во развојот и производството на мали автомобили

Со компактните димензии, новиот градски транспортер ќе се користи за достава на пратки до крајниот корисник, за снабдување на маркети, општо во логистиката. Главното подрачје на примена сепак е доставата на онлајн-нарачки до домот или канцеларијата на нарачателот, како гранка што доживува огромен раст во овие времиња на онлајн-трговија. Возилото на Toyota, Suzuki и Daihatsu ќе вози 100% електрично.

На возила за достава на онлајн-нарачки, за достава на пакети или за заначетчиски услуги денес отпаѓаат околу 60% од возниот парк на компаниите за логистика. Преку соработката меѓу Toyota и Suzuki ќе се намали цената на возилото со електричен погон. Корпорацијата CJPT е одговорна за целото планирање, додека Daihatsu, Suzuki и Toyota заеднички развиваат електричен погонски систем.

Електричниот градски транспортер во почетокот ќе се користи во Јапонија, во рамките на општествените проекти во префектурата Фукушима и во Токио.

Некогаш е голем предизвикот за товарните возила да се користат во други цели, освен во замислената

Suzuki домаќински: Батерии од стари возила се одлични за соларни канделабри

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia XCeed со нов изглед и со нова сила: GT-Line со 204 КС

Во градот на Volkswagen работи бифтек-клуб „Оган и сол“