Suzuki домаќински: Батерии од стари возила се одлични за соларни канделабри

Средствата што ги обезбедува преку јапонската програма за расходување на стари возила, Suzuki ги искористи за да развие технологија, за малите литиум-јон батерии од старите возила да добијат нов живот.

Малите, но сé уште делотворни батерии од старите возила со електрифициран погон, најчесто со благ хибриден погон, Suzuki ги користи за да ја акумулира енергијата што соларните канделабри ја произведуваат преку денот, за потоа да се обезбеди енергија за работа на светилките ноќе. На повеќе места во своите центри во Јапонија, Suzuki веќе има применето голем број вакви батерии.

Функционални батерии од десет расходувани возила се доволни за да обезбедат функционалност на една канделабра што користи соларна енергија. Развојот на оваа „шема“ секако дека е од поголемо значење, затоа што се обезбедува искористување на овој вид на батерии, чијшто број ќе се зголемува сé повеќе во следните години.

Suzuki ја нуди технологијата за користење и надвор од својата компанија, како дел од непрофитната дејност за развој и споделување нови технологии, коишто придонесуваат за развој на одржливо општество.

Кусо потсетување на историјата на Suzuki, којашто датира од пред повеќе од 100 години:

1909: Suzuki е основана од Мичио Сузуки, фабрикант со разбои на текстил во Хамамацу, Јапонија

1920: Suzuki Loom Works прераснува во Suzuki Loom Manufacturing Co

1952: Претставен е првиот мопед, Power Free

1954: Suzuki прераснува во Suzuki Motor Corporation Ltd

1955: Suzulight е првиот автомобил на марката

1965: Прв вонбродски мотор, D55

1970: Деби на Jimny LJ10, прв 4×4

1970: Претставен е 100% електричен Carry L40V MPV

Suzuki гради нови фабрики за автомобили и мотоцикли во Индија

Претходна објаваCadillac в година се враќа на Леман по две децении
Следна објаваКрстосување со олдтајмери е омиленa рекреација за Opel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here