По две години под маски, светот конечно се движи повторно. Тоа важи и за турите со олдтајмери. Првото поголемо дружење со олдтајмери следи на 16-ти јуни и се вози меѓу двете германски покраини Хесен и Тиринген. Opel подготви вредни историски парчиња.
Во организација на најголемиот возачки клуб во Европа, германскиот АДАК, од 16-ти до 19-ти јуни се вози тура со олдтајмери Хесен-Тиринген. Марката Opel секогаш присуствува на најважните собири на историски модели. За претстојната тура, марката од Риселсхајм изнесе половина дузина возила од своето бесценето историско богатство.
Најстаро возило на турата ќе биде Rekord C Cabrio од 1967 година, во верзијата со 75 КС. Тоа е еден од исклучителните модели на Opel, затоа што од кабриолетот се изработени само 50 примероци, во каросериската работилница на Карл Дојч. Подеднакво е вредно и легендарното купе Opel GT, коешто има за тоа време огромни 15 КС плус во споредба со Rekord. Моделот стартуваше со производство во 1968 година.
Вистински крстосувач е Opel Diplomat од 1975 година. Моторот е 5,4-литарски V8 со 230 КС. Точно половина од таа моќност му беше доволна на спортскиот Kadett GT/E од 1977 година. Исто толку коњски сили нуди и Kadett GSi од 1991 година, еден од најценетите спортски модели во бурните години на крајот на милениумот.
Токму овој примерок од GSi има посебна приказна. Во период од пет години, сопственик на автомобилот бил поранешниот германски канцелар Хелмут Шмит. Класичниот секстет го комплетира Opel Manta GSi „Exclusiv“, со 110 КС, доработена во тјунерската работилница Irmscher. Триделниот заден спојлер не може да се превиди.
За поврзување на вредното минато со сегашноста, на класичните модели на Opel ќе им се придружи и примерок од новата генерација на Astra, со приклучен хибриден погон.
Десетте електрични Peugeot и Opel се досега најгласниот будилник за електромобилноста