Volvo менува петка за четворка

Петцилиндарските мотори се во бавно изумирање. Volvo ја прекинува традицијата и се префрлува на четири цилиндри, плус нова техника

Швеѓаните се збогуваат со петцилиндарските дизели. Замената од наесен ќе бидат четирицилиндарци од нова генерација, со ново управување на впрскувањето и повисок притисок. Тоа ќе даде пониска потрошувачка и почиста емисија.

Споредба на култивираноста на стариот и новиот дизел на Volvo
Споредба на култивираноста на стариот и новиот дизел на Volvo

Новите дизели покриваат дијапазон од 150 до 215 КС и соодветно на тоа ќе се вградуваат и во поголемите модели. Дволитарците имаат две особености. Првата: Место централен сензор за притисок на заедничкиот вод за впрскување сега ќе има по еден сензор на секој цилиндар. Тој го контролира и го регулира дотокот на гориво одделно за секоја комора за согорување и на тој начин постигнува поштедлива работа.

Покрај тоа, системот за впрскување работи со притисок од 2500 бари место со вообичаените 2000 бари. Тоа овозможува уште пофино распрскување на горивото, а тоа пак резултира со порамномерно согорувае и почист издув.

На дизелите ќе им се придружи и нова генерација на бензински мотори, со заеднички компоненти со првиве. Дволитарските бензинци исто таќа ќе очекуваме наесен, со моќност меѓу 150 и 300 КС.

 

Претходна објаваРингишпил за чувство како во идниот BMW i
Следна објаваГалатасарај стана тим на Opel

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here