за

Идните модели на Volvo доаѓаат со вграден „Unreal“

Unreal е компјутерска игра што пред повеќе од 20 години предизвика невидена играчка манија. Графичката машина продолжи да се развива, а наскоро ќе почне да работи и во новата генерација модели на Volvo.

Volvo Cars и Epic Games најавија дека во идните модели на Volvo ќе работи фотореалистична визуализација во вистинско време, за којашто ќе се користи Unreal Engine. Тоа главно значи дека во дисплеите на автомобилите на шведската марка ќе се прикажува спектакуларна графика.

Целта на Volvo е на своите клиенти да им го понуди најдоброто корисничко искуство. Во таа насока, Volvo Cars во следната генерација електрични автомобили ќе понуди технологија на фотореалистична визуализација. Дека од тоа ветување може да се очекува многу, укажува името на компанијата што ќе стои зад технологијата, Epic Games и нивниот Unreal Engine. Тоа е „моторот“ што движи голем дел од фамозните игри на Epic Games.

Покрај Unreal и Fortnight, Epic Games во изминативе години вложува многу и во развојот на Unreal Engine. Таа се цени како една од најнапредните алатки за креирање во 3D, којашто наидува на примена и во бројни подрачја надвор од компјутерските игри. Volvo Cars ќе го користи овој „мотор“ при развојот на дигиталните интерфејси, односно на начинот на којшто преку дисплеите се ракува со менито и со функциите на автомобилот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Volvo Cars е прв производител на автомобили од Европа што ќе користи Unreal Engine за развој на Human Machine Interface (HMI). Целта на соработката главно се сосредосточува на Driver Information Module (DIM), односно на средишниот дисплеј, преку којшто се пристапува и се вклучуваат важните функции во возилото и воедно се добиваат информации.

Volvo Cars најавува одушевувачка графика со висок квалитет во дисплеите на идните модели, со заострено рендерирање, побогат спектар на бои и сосем нови 3D анимации

Со комбинирањето на Unreal Engine и компјутерска моќ со високи перформанси од третата генерација на Snapdragon Cockpit Platforms, идните моделиу на Volvo ќе поставуваат нови стандарди во перформансите на графиката и инфозабавните системи.

New item by Automedia MK / Google Photos

Следната генерација инфо-забавни системи на Volvo Cars ќе биде повеќе од двојно помоќна од претходниците, додека создавањето на графиката и процесирањето во самиот автомобоил ќе биде до десетпати побрзо.

Првиот автомобил на Volvo што ќе ја користи новата графика е новиот знаменосец со целосно електричен погон, што швеѓаните ќе го претстават кон крајот на годинава. Со тој модел практично започнува преоѓањето на Volvo во производител што од 2030 година ќе нуди само чисто електрични автомобили.

Во исто време се работи и на примена на безграничните можности на Unreal Engine и во други подрачја што се базираат врз софтвер, при што веројатно станува збор за автопилотирано возење. Volvo во последниов период масовно вработува напредни и талентирани програмери, со цел од средината на декадата, половина од софтверот во автомобилите да биде од сопствен развој.

New item by Automedia MK / Google Photos

Volvo 780 од Торино чинеше двојно повеќе од 760 GLE

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ова не е кинески СУВ, тој е марка: Haval H6 од трета генерација

Opel Corsa е млада 40 години и сака да го прослави тоа