Volvo Trucks продава недвижнини за спас од кризата

Производителот на камиони Volvo Trucks ќе продава земјиште и недвижнини за да ги намали своите долгови. Неизвесно е дали тоа ќе им успее на Швеѓаните.

По драстичното намалување на заработката и по воведувањето на строг курс за штедење, шведскиот производител на камиони Volvo Trucks ќе ги продава своите имоти и недвижнини. Доколку надлежните институции ја одобрат продажбата, долговите ќе се намалат за 1,9 милијарда круни (213 милиони евра), за во вториот квартал да се постигне оперативна добивка од 900 милиони круни. Во минатата година, заработката на Volvo Trucks се намали за две третини и изнесуваше само 3,9 милијарди шведски круни. За да ги намали трошоците, претпријатието ќе отпушти 4.400 работници.

Претходна објава40-годишнина на Golf на најголемиот салон на олдтајмери
Следна објаваChevrolet си заминува порано

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here