Лимузината S60 e прв модел на Volvo без дизел мотори

Volvo S60
Volvo S60

Volvo започнува со продажба на новиот S60 на главните пазари во Европа. Тоа е прв модел на шведската марка што нема да биде достапен со дизел мотор. Во новата генерација на лимузината од средната класа се нудат три турбо бензинци и еден плагин-хибрид со име T8 Twin Engine. Системската моќност на последниов модел изнесува 390 КС. Цените на германскиот пазар стартуваат од 43.200 евра.

Турбо бензинците T4, T5 и T6 имаат работна зафатнина од два литри и ослободуваат 190, 250 и 310 КС соодветно. Volvo ја нуди лимузината само во највисоките нивоа R-Design и Inscription, така што сериската опременост е завидна. Во стандардната опрема спаѓаат меѓу другото инф-забавен систем Sensus Connect со пристап на интернет, 3-D навигација, двозонска автоматска клима и широк дијапазон на системи за асистенција.

Додека изведбата R-Design располага со спортско подвозје и соодветни детали во кабината, Inscription е изведен како луксузна варијанта, со хромирани украси, кожени седишта и панели од вистинско дрво, како и глава на рачката на менувачот од шведско кристално стакло.

https://photos.app.goo.gl/pKrtvqCQmCtXhvFK8

Претходна објаваКој има нешто против 20 метри Lexus?
Следна објаваMercedes EQC службено возило на тенискиот куп Лавер

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here