Пронаоѓачот на безбедносниот ремен со три точки, што стана стандард во целата бранша пред повеќе од 60 години, сака својот изум да го направи уште побезбеден. Волво вгради вештачка интелигенција во безбедносните ремени што денес ги поседуваат сите возила.
Технологијата се води како мулти-адаптивен безбедносен ремен и ќе почне да се вградува во серија во следната година, во идниот Волво Е Икс 60, помал брат на Е Икс 90.
Безбедноста доаѓа од податоци што се добиваат во вистинско време
Волво го патентираше безбедносниот ремен со вештачка интелигенција (АИ) заедно со германскиот добавувач ЗФ Фридрихсхафен. Според податоците од производителот, ременот се приспособува според податоците што ги добива во вистинско време, од напредни сензори во возилото, а го следи и одвивањето на сообраќајот и телото на патникот.
Во Волво се убедени дека технологијата ќе биде исто толку делотворна како самиот безбедносен ремен со три точки (пред Волво, се користеа појасни ремени со две точки). „Преку користењето податоци и АИ, гледаме потенцијал да се спасат уште милион животи,“ вели Аса Хаглунд, директорка на центарот за безбедност на Волво Карс.

Сензори внатре и надвор
Патните компјутери во современите возила можат да обработат милијарди податоци во дел од секундата. Според Волво, надворешните сензори мерат податоци за околината, со цел да се препознае опасност од судир и во зависност од ситуацијата, да го превидат видот и силината на сударот што е неизбежен.
Вантрешните сензори го информираат ситемот колку патници има во возилото, каде седат тие и колку се големи и тешки. Од тоа се пресметува најдобриот начин за заштита на секој патник посебно.
Обновување на софтверот од облак
Современите безбедносните ремени поседуваат ограничувач на силата на затегнување, за да одредат со колкава сила да затегне ременот во зависност од силината на судирот. Според Волво, притоа се земаат превид три различни профили. За разлика од нив, ременот на Волво со АИ поседува единаесет различни профили.
[the_ad id=”85764″]
Волво не соопшти колку чинел развојот, но наведува дека средствата што се потрошени за развој на системот вределе. Покрај тоа, АИ-ремените постојано ќе добиваат нов софтвер преку податочен облак. Засега нема информација дали и кога системот ќе почне да се вградува и во останатите модели.
















