Платите прво ќе се зголемат за 3,7 проценти, почнувајќи уште од јуни, за во следниот јануари да следи уште едно зголемување за 2 проценти, по што во ноември 2026 година, платите ќе се накачaт за уште 0,8 проценти. Тоа во посебно соопштение го објавија производителите на автомобили и работничките синдикати.
Договорот опфаќа преку 60.000 работници во Италија, во Стелантис, Ферари, Ивеко и ЦНХ. Сите овие компании имаат корени во поранешната групација Фиат.
За време на шестмесечните преговори што ѝ претходеа на спогодбата од 6-ти јуни, не се случија штрајкови во Италија.
Работниците на завршетокот на јуни ќе добијат 240 евра еднократна исплата, и исто толкава сума во април следната година.
Спогодбата е дел од поширокото обновување на договорот за работа што компаниите и синдикатите го договорија во 2023 година, од којшто остана да се постигне договор само уште за последните две години.
[the_ad id=”85764″]
Со претходниот договор, платите беа зголемени за вкупно 11 проценти во 2023 и 2024 година, кога инфлацијата во Италија го достигна врвот од 10 проценти. Со последните зголемувања, платите на завршетокот на четиригодишниот договор ќе достигнат вкупно зголемување од 18,7 проценти, соопштуваат синдикатите.
















