за

Волво ја качува продажбата, растот доаѓа од електричните модели

Продажбата на шведската марка во октомври порасна за 10 проценти, главната заслуга за растот ја имаат целосно електричните автомобили на Волво.

Волво четиринаесет месеци во низа пријавува раст во продажбата. Во октомври, шведскиот производител продал 59.861 автомобили, што е за десет проценти повеќе од истиот месец лани.

Во периодот јануари-октомври 2023, компанијата продаде 569.019 автомобили, и тоа дава раст од 18 проценти во споредба со првите десет месеци во минатата година.

Доколку се гледа само продажбата на моделите од потсемејството Ричарџ, каде што спаѓаат приклучните хибриди и батериските електрични автомобили, Волво во октомври ја зголемил нивната продажба за 36 проценти во споредба со истиот месец во 2022 година.

Кај батериските електрични автомобили, пазарот на шведската марка пораснал за 29 проценти. Овие модели сочинуваат близу една петина од вкупната продажба на Волво, односно 18 проценти. Во октомври 2022 година, уделот им беше само 12 проценти.

Повеќе од половината од продажбата на Волво во Европа се електрични или хибридни модели

Во Европа се продадени 24.892 автомобили, и тоа е за 13 проценти подобро во споредба со октомври лани. На европскиот пазар, 55 проценти од продажбата отпаѓа на моделите Ричарџ.

Продажбата во САД, каде што Волво го произведува својот С60, продажбата во октомври напредувала за 19 проценти, со вкупно 11.296 возила. Голем напредок од 49 проценти имаат батериските електрични автомобили. Близу една третина (27%) отпаѓа на модели Ричарџ.

Кинескиот пазар го задржал истото ниво од лани, со продадени 15.041 автомобили. Моделите Ричарџ напредувале за 27 проценти.

Најпродаван модел на Волво во октомври е СУВ-моделот од средната класа Икс-Ц60, со продадени 20.212 возила (2022: 17.531), следи Икс-Ц40, со вкупно продадени 17.022 возила (2022: 14.883 примероци) и Икс-Ц90 со 7.961 примероци (2022: 7.651 примероци).

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фолксваген мора да заштеди десет милијарди евра до 2026 година

Фиат Мултипла, автомобилот со превоз 6х6