Фиат Мултипла, автомобилот со превоз 6х6

Еден од најгенијално осмислените автомобили на Фиат, за некои грд, за други одличен автомобил, ако се земе колку возила се увезoa на старо во изминативе години. Фиат ја пушти Мултипла пред 25 години.

Пред 25 години, Фиат Мултипла прикажа сосем нов концепт на ван со шест седишта. Место во три реда, во италијанскиот ван што му парираше на Рено Сеник се седеше во два реда – три седишта напред, три назад.

Во чест на јубилејот на моделот, што како денес допрво да почнува да освојува симпатии со изгледот, Роберто Џиолито, дизајнерот на Фиат Мултипла, преработе едно возило од хангарот со историски возила на Стелантис, во уникат.

Како инспирација за Фиат Мултипла 6х6 послужија шест цртани ликови, со коишто Џиолито пред 25 години на хумористичен начин ги прикажа предностите од посебниот распоред на седиштата.

Во видеото, Џиолито говори за настанокот на овој уникатен примерок. „Фиат Мултипла 6х6 е весел омаж во стил својствен за Фиат, за еден модел што и по 25 години побудува интерес.“

„Шесте фигури претставуваат шест различни начини на коишто може да се доживее Мултипла“, објаснува дизајнерот. Уникатот ќе биде изложен на салонот за историски модели Милано Ауто Класика, што се одржува од 17-ти до 19-ти ноември во Милано. По настанот, „6х6“ ќе добие и нов сопственик или сопственичка.

Фиат Мултипла 6х6

Основата за уникатната Фиат Мултипла 6х6 доаѓа од примерок од 1998 година. Бојата Био-Тиркиз служи како заднина за шесте цртани ликови на хаубата и на вратите. На секое седиште се наоѓа по една од шесте фигури што беа нацртани во 1998 година.

Секоја фигура е посебен начин да се види и да се доживее моделот: Од авантурист зад воланот, преку бебе со тркачќка кацига, згодна жена, менаџер со лаптоп во скут, па еден монах и еден хипик. Овие фигури своевремено се печатеа на летни маици, а се изработуваа и сложувалки.

Музејот на современа уметност во Њујорк му оддаде чест на моделот

Во следното видео, Роберто Џиолито зборува за силните страни на Мултипла. Возилото е конкретен пример за тоа, како генијални решенија можат да го сменат квалитетот на живот зад воланот. Концептот во тоа време беше толку необичен, што МоМА (музеј на соврешена уметност) во Њујорк го вклучи ванот на Фиат во изложба на тема „Автомобили на иднината“.

Можно е дека денес подобро ја разбираме Мултипла отколку тогаш, затоа што беше премногу посветена на иднината и иновативна, за да биде прифатена
Роберто Џиолито, дизајнерот на Фиат Мултипла

Каросеријата се состои од два модули: Куса основа со аеродинамична форма и масивна надградба врз тоа. Шесте светла се распоредени на три висини и тоа му дава посебност на возилото: Магленки во браникот, соборено светло во маската, долго светло директно под ветробранот.

Седиштата во вториот ред се преклопуваат и може да се отстранат, па да се добие товарен простор од 1,9 метар кубен. Средното седиште назад лизга по должина и може да се претвори во масичка. На местото на средното седиште напред, може да се постави ладилник што се напојува од акумулаторот на возилото.

Посебност во кокпитот е високо поставената рачка на менувачот. Не се малкумина тие што ненамерно ја пуштиле раката по коленото на – најдобро да е тоа сопатничка – додека сосем природно посегнале да сменат брзина. Инструментите исто така беа посебност.

При почетокот на продажбата во 1998 година беа на располагање четири мотори. Бензинецот 1.6 16в испорачуваше 103 КС, дизелот 1.9 ЈТД произведуваше 115, односно 120 КС во следната верзија. Концептот се заокружуваше со моторите за алтернативно гориво: Блупауер, односно Натурал Пауер по 2004 година, со погон на метан, и Фиат Мултипла бипауер со погон на бензин или метан, со моќност од 90 КС.

Во рамките на проектот Атена во градот Неапол, во 2000 година беа пуштени неколку примероци со хибриден погон.

Фиат 500 во нашиот онлајн-каталог со сите нови автомобили на македонскиот пазар, АВТОСАЛОН.МК · Технички податоци, цени, опременост, можност за споредба на модели

https://avtosalon.mk/listings/fiat-500-1-0-gse-mild-hybrid/

Претходна објаваВолво ја качува продажбата, растот доаѓа од електричните модели
Следна објаваКинески БИД на пат да ја престигне продажбата на Тесла

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here