Дизајнерка на Daimler доби нов ангажман во Volvo

Дизајнерка на Daimler со нов ангажман во Volvo Клаудија Браун
Дизајнерка на Daimler со нов ангажман во Volvo Клаудија Браун

Клаудија Браун и Томас Стовичек се двете нови имиња во дизајнерскиот тим на Volvo. Дамата е експертка за бои и материјали, Стовичек го дизајнира менито за ракување со дисплеите во Volvo и негово дело е новиот дизајн на вебсајтот на марката, што ќе стартува наскоро.

Од германскиот концерн Daimler Benz доаѓа Клаудија Браун, која на новото работно место во Volvo ќе биде ангажирана како потпретседателка за дизајн на бои и материјали. Таа ќе биде одговорна за стратегијата на бои и материјали во кабината во моделите од марките Volvo и Pentastar.

Клаудија Браун има долго искуство во подрачјето на дизајнот на премиум возилата. Во Daimler, нејзиниот избор решаваше за боите и материјалите во кабината на Mercedes, AMG и Maybach. Претходно, Браун имаше важна улога во дизајнот на бои и изведување на кабината во Porsche.

Томас Стовичек почна да работи за Volvo пред две години, од претходното работно место во Фејсбук. Тој раководи со дизајнот на менијата во дисплеите во кокпитот, како и на начинот на ракување со истите.

Стовичек го надгледува развојот на секоја дигитална интеракција на клиентите на Volvo, од ракувањето во кокпитот, до вебсајтот и мобилните апликации. Наскоро ќе биде пуштен и новиот дизајн на вебсајтот на Volvo, како дело на новиот дизајнер.

Volvo поканува на виртуелна посета на салонот во Скопје

Volvo поканува на виртуелна посета на салонот во Скопје
Volvo поканува на виртуелна посета на салонот во Скопје

Претходна објаваВо чест на традицијата: Porsche 911 Targa 4S во стил на 1950-те
Следна објаваСветскиот ден на велосипедите е ден и за Skoda: Прво беа велосипеди

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here