за

Volvo Concept Coupe: Емотивен дизајн за новите модели на Швеѓаните

Во средиштето на штандот на Volvo во Франкфурт е концептното купе кое што го воведува новиот дизајнерски израз на шведскиот производител од премиум сегментот и потекнува од цртачкото перо на главниот дизајнер Томас Ингенлат.

volvo concept coupe 2

Возилото ги привлекува погледите со впечатливите и препознатливи дизајнерски елементи на скандинавската школа. Покрај тоа, концептниот автомобил ја прикажува приспособливоста на новата архитектура на производи, односно можноста од една платформа да се изведат повеќе автомобили и повеќе компоненти да се применат на повеќе модели, со цел да се понуди понапредна технологија чие што производство се исплатува побрзо.

Емотивниот дизајн ќе биде знак на препознавање на идните модели на шведската марка. Прв со новиот дизајн стартува спортскиот теренец Volvo XC90 кој што ќе биде претставен догодина.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Changan CS 75: Единствениот Кинез во Франкфурт

По хибридите: Автомобилот на вода на Toyota