за

Volvo стартуваше со производство во Кина

Групацијата Volvo почна со претсериско производство во фабриката во Ченгду. Во овие погони ќе се произведува S60L, продолжена верзија на моделот од средната класа. Кина е втор најголем пазар на Volvo.

Погоните во Ченгду ќе бидат основоположница на плановите на Volvo за проширување на присуството на кинескиот пазар, како најголем пазар за автомобили во светот, а во исто време ќе се овозможи и постигнување на долгорочниот план за годишна продажба на 800.000 возила од марката на глобално ниво.

Фабриката е лоцирана во Зоната за економски и технолошки развој на Ченгду и покрива површина од 500.000 метри квадратни. До крајот на годината таа ќе вработи 1.100 лица, а годишниот капацитет на производство е 120.000 возила, односно 30 автомобили на час, во две работни смени на ден. Високите стандарди на Volvo за квалитет и за производство беа основа на планирањето на фабриката во Ченгду, со што се гарантира дека возилата од Кина ќе го имаат истиот квалитет како возилата произведени во Европа.

49372_1_5

Моментно во Ченгду се произведуваат претсериските примероци од S60L, специјална верзија со продолжено меѓуоскино растојание наменета првенствено за кинескиот пазар. Серискиот старт е најавен за последниот квартал од годинава.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

Полициски автомобил за изнајмување

Mercedes Citan почнува од 11.900 евра