за

Volvo наоѓа паркинг без потреба од возачот

Автомобилот се остава на влезот на паркингот, возачот излегува и на крајот го пречекува возилото на истото место. Volvo работи на идејата за самостојно паркирање.

Системот овозможува возилото самостојно да пронајде слободно место за паркирање и автоматски да се паркира. Притоа нема потреба од интервенција на возачот или од службено лице. Основа на системот е комунинациската техника Car-2-Infrastructure. Предавателите што се поставуваат во сообраќајната инфраструктура го информираат возачот дали има слободно место во близина. Ако тоа постои, возачот го активира самостојното паркирање преку апликација на мобилниот телефон и потоа може спокојно да излезе од возилото.

Возилото го наоѓа слободното место со помош на сензори и се упатува кон истото. Постапката е обратна кога возачот ќе се врати да го преземе возилото. Тогаш автомобилот го напушта паркингот и заминува кон излезот каде што чека возачот. Самостојното возење на автомобилот се овозможува преку комбинацијата од постоечките системи за асистенција, како што се самостојното запирање при опасност или автоматското препознавање на други возила на патот, без доведување во опасност на пешаците и другите автомобили на паркингот. Брзината и сопирањето се приспособуваат автоматски според средината.

Цел на шведската марка е да стане водач во самостојното возење

Самостојното паркирање е само еден од многубројните проекти што се развиваат во Volvo. Швеѓаните беа единствени авто производители кои учествуваа во проектот Sartre за самостојно возење во колона, што заврши успешно минатата година. Овој напреден истражувачки проект во кој учествуваа седум европски фирми беше единствен од овој вид, што имаше поставено цел да се развие техника што ќе овозмоќи самостојно возње во колона на автопатиштата. Колоната се состоеше од камион Volvo, како водечко возило, и четири автомобили на Volvo, кои возеа автоматски со брзини до 90 километри на час без каква било интервенција на возачот, на растојание меѓу возилата помало од четири метри.

Техниката на самостојно паркирање, исто како и возењето во колона и натаму се во развојна фаза. Но, во Volvo ветуваат дека новиот Volvo XC90, чија што премиера се очекува кон крајот на следната година, ќе биде првиот автомобил биде способен да управува самостојно.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова техника на осветлување од Mercedes

Патување без мачнина