Volkswagen ќе ги произведува електромоторите во Кина

Во новата фабрика на Volkswagen во кинескиот Фошан наскоро ќе стартува производството на електромотори за хибридните модели на марката. Потоа ќе се произведуваат и цели возила.

Техничарите во фабриката во Фошан моментно работат на развој на електромотори од марката Delta, кои што во иднина ќе се вградуваат во хибридните модели на марката. Малку подоцна во истата фабрика ќе стартува и производството на самите хибридни модели на Volkswagen.

Фабриката во Фошан почна со работа на крајот на септември. Во неа се произведуваат VW Golf и Audi A3, со годишен капацитет од 300.000 возила и со план истиот да се зголеми двојно во следните неколку години.

Претходна објаваТуристички аранжман на Porsche: Два дена во Macan пред сите
Следна објаваСтрогите еко-норми ќе ги поскапат идните модели за 3.000 евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here