Концернот Volkswagen продаде рекорден број возила во периодот од јануари до октомври, забележувајќи пораст од пет проценти во споредба со истиот период лани.
Никогаш досега Volkswagen нема продадено повеќе возила во првите десет месеци од годината. Марките од концернот на територијата на цела Европа продадоа 3,24 милиони возила од почетокот на годинава, што претставува пораст од 6,2 проценти. Од тоа, 1,68 милион (+8,0%) се продадоа во Западна Европа (без Германија). На домашниот пазар концернот продаде 1,02 милион возила или 5,8 проценти повеќе отколку во истиот период лани. Поради актуелната политичка криза, продажбата во Русија опадна за 13,2 проценти, на 217.600 возила.
Во Северна Америка до октомври се продадоа 728.700 возила (-0,7%), од кои 489.100 возила (-3,8%) во САД. Продажбата во Јужна Америка опадна за 20,3 проценти на 604.100 возила, што е 150.000 возила помалку отколку во ланскиот период. Само во Бразил се продадени 470.700 возила (-16,2%). Концернот компензира за овој пат со порастот во продажбата во регионот на Азија и Пацификот, со 3,33 милиони возила односно со плус од 12,8 проценти.
Од вкупната продажба, 5,08 милиони автомобили (+2,6%) и 363.900 товарни возила отпаѓаат на матичната марка. Audi продаде 1,44 милион возила (+10,1%), Porsche 151.500 (+13,8%), Skoda 865.100 возила (+12,5%). Seat во десетте месеци од годината продаде 326.000 возила или 10,5 проценти повеќе отколку во истиот период лани.
















