Volkswagen гради фабрика за монтажа на возила во Алжир

Од следната пролет во алжирскиот град Релизан ќе се врши монтажа на модели од повеќе марки на концернот Volkswagen. Партнер на германскиот гигант е локалниот дистрибутер, кој лани пласирал над 30.000 возила во земјата на северозападот на Африка.

Концернот Volkswagen потпиша договор за соработка со својот диструбутер во Алжир, со којшто се предвидува отпочнување со изградба на фабрика за монтажа на возила во градот Релизан во северниот дел од земјата. Првите возила ќе почнат да излегуваат од монтажните ленти веќе во следната пролет. Дневната продукција ќе изнесува над 100 возила од марките Volkswagen, Seat и Skoda, како и доставни возила на Volkswagen.

На површина од 150 хектари ќе се гради нова хала за монтажа во близина на градот Релизан, којшто се наоѓа околу стотина километри западно од престолнината Алжир. Таму ќе се произведуваат моделите Volkswagen Golf, Seat Ibiza, Skoda Octavia и Volkswagen Caddy.

Германскиот концерн има малцински удел во заедничката компанија. Фирмата Sovac е дистрибутер на возилата од марките Volkswagen, Audi, Seat, Skoda и Porsche уште од 2001 година. Лани оваа фирма пласирала над 30.000 нови автомобили на пазарот во Алжир.

Претходна објаваКога Mercedes печати книга за SL: На 528 страници и три килограми тешка
Следна објаваBMW i3 ќе добие нов изглед и уште поголем досег

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here