Фолксваген е прва марка што освоила четири Златни Волани во еден цуг

Вечен Фолксваген Голф, електричен наследник на Пасат, огромен Тајрон и нов Т-Рок, се четирите носители на важниот наслов на автомобил на годината, на Златен Волан.

Извршниот директор на марката Фолксваген со четирите модели со златен волан

„Златен волан“ е титулата што магазинот АУТО БИЛД и високотиражниот неделник Билд ам Зонтаг секоја година им ја доделуваат на новите модели што се издвојуваат.

  • На Голф ГТИ Едишн 50 му припадна Златен Волан за најдобар модел во компакт класата
  • Спортската верзија на ИД.7 со ознака ГТИкс и во комби изведбата Турер е победничка во виша средна класа
  • Најдобар семеен автомобил е Тајрон
  • Редакцијата на Ауто Билд и Билд ам Зонтаг го прогласи новиот Т-Рок за „Најдобар автомобил до 40.000 евра.“

Годинава на матичната марка на концернот Фолксваген ѝ успеа нешто исклучително. Четири модели го понесоа насловот на Златен Волан. Во 49-годишната историја на овој настан, што практично е германски избор на автомобил на годината, не се случило друга марка да убеди со четири свои модели во изборот.

Голф ГТИ Едишн 50 победи два електрични модели во трката во компактната класа, ИД 7 ГТИКс е најдобар во вишата средна класа против два модели од германски премиум марки. Новиот Тајрон, што веќе извесно време се продава и на македонскот пазар, освои Златен Волан како најдобар семеен автомобил, против два СУВ-модели од Чешка и Шведска, а новиот Т-Рок, ќе има дополнителен аргумент да ги убеди купувачите со титулата на Златен Волан, кога од следната недела ќе почне со продажба и важи за Најдобар избор до 40.000 евра.

Томас Шефер, извршен директор на марката Фолксваген, го коментира успехот: „Овие одликувања се вистинскиот знак дека ние со нашата стратегија Фолксваген Буст 2030 сме на вистинскиот пат. Нашата намера е јасна: Сакаме да станеме волуменски производител што предводи во технолошки поглед. В година пуштаме шест нови модели – кој од кој пофантастичен автомобил. 100 проценти Фау Ве!“

Ауто Билд и неделникот Билд ам Зонтаг уште од 1976 година доделуваат „Златен Волан“, што по значењето е веднаш до Изборот на автомобил на годината во Европа.

Годинава се гласаше за 72 нови модели. Изборот почна со гласовите на читателите на Ауто Билд и Билд ам Зонтаг. Трите модели со најмногу гласови во секоја категорија, како следен предизвик имаа да се докажат на тест патеката Лаузицринг, во рацете на стручни автомобилисти.

Освен стручните новинари на Билд-групацијата, жирито опфаќа и тркачки и тркачи, како и познати јавни личности што се заљубеници во автомобилизмот.

Се оценува во 17 категории, во подрачјата на погон, подвозје, дизајн, квалитет, одржливост, противвредност, безбедност и потрошувачка.

Претходна објаваАуди планира голем СУВ само за САД, произведуван локално
Следна објаваКои се 50-те најголеми дилери на автомобили во Европа

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here