Ауди планира голем СУВ само за САД, произведуван локално

Амбициите на Ауди за САД добиваат лик. Сепак нема да се гради посебна фабрика за тие пазари.

Шефот на Ауди, Гернот Делнер, сака да ѝ ја врати старата сила на марката; Шефот при премиерата на Концепт Ц на ИАА 2025

Ауди кове планови за САД. Производителот на премиум автомобили ќе пушти нов СУВ-модел што посебно е наменет за пазарите во Северна Америка и ќе се произведува таму.

Гласникот на германската автомобилска индустрија Аутомобилвохе објави дека Ауди планира нов голем СУВ за пазарот во САД, повикувајќи на на извори од концернот. Ауди во моментов не произведува свој модел во САД, туку сите автомобили ги увезува или од Мексико или од Европа.

Ауди нема да гради фабрика посебно за таа цел. Според интерни извори, Ауди ќе го произведува моделот во идната фабрика за марката Скаут во Јужна Каролина. Со тоа повторно се одложуваат плановите, за германската марка да изгради сопствена фабрика.

Сопствена фабрика би била прескапа

Ауди веќе со месеци се подготвува да почне со изградба на производствен капацитет во САД, на пример во Тексас или на локацијата на Фолксваген во Чатануга, Тенеси, со цел да се избегнат високите царини. За тоа ќе се решава во следните недели, уште пред концернот Фолксваген да одлучи за планот за инвестиции за следните години.

Тоа што го спречува Ауди да се реши за изградба на сосптвена фабрика на марката во САД се милијардите што треба да се инвестираат. На тоа се противи и работничкиот совет. Шефот на синдикатот Јерг Шлагбауер оцени дека планот за изградба на нова фабрика во САД е „тешко замислив“, покрај фактот што и домашните фабрики се недоволно искористени. Ауди не е условен да гради фабрика, па дури и покрај царините што влијаат врз цените.

Марката на концернот Фолксваген од САД, Скаут, веќе гради фабрика во Блајтвуд, Јужна Каролина. Шефот на Скаут, Скот Кио, неодамна се изјасни околу можноста за други модели на групацијата Фолксваген да се произведуваат во фабриката на Скаут. „Постои голема можност, останатите кул модели на групацијата да се произведуваат таму.“

Марката Скаут најави рустикален СУВ со име Травелер. Како основа за него може да послужи платформа на Ауди.

Големиот СУВ на Ауди врз платформа од Скаут

Според инсајдер, менаџер на Скаут неодамна изјавил: „Доколку во Скаут се произведува друга марка од концернот, ќе се користи наша платформа.“ Новиот СУВ на Скаут ќе користи електричен погон со продолжувач на досег, односно мал бензински мотор што ќе работи како генератор. Моделите на Скаут користат класична носечка платформа, што посебно ќе наиде на одушевување меѓу купувачите во САД.

Тоа ќе им овозможи на Ауди да произведуваат достапни модели по вкус на САД. Во следната година, Ауди ќе пушти во продажба и нов модел во Кина, што посебно е развиен за тамошниот пазар и ќе се продава како модел од подмарката АУДИ.

Лов на конкурентите со СУВ

Скаут ќе го започне производството кон завршетокот на 2027 година. Фабриката во почетокот ќе работи со капацитет за преку 200.000 возила годишно. Планот е тој капацитет да се зголемува низ годините.

Со новиот модел, шефот на Ауди, Гернот Делнер, ја проширува понудата од модели угоре. Во 2026 година, најавен е стартот на Ку9, како сосем нова моделска серија на СУВ. Ку9 ќе се произведува во Братислава, исто како и наследникот на Ку7. Двата модели ќе стартуваат в година, дознава Аутомобилвохе.

На Делнер му е важно да успее офанзивата во САД. Во првите девет месеци од 2025 година, Ауди во САД продаде 130.000 возила. Тоа е пад од осум проценти во споредба со лани.

Повисоките царини на владата на Трамп ги пореметија плановите на Ауди за 2025 година. За цела година, шефот за финансии на Ауди, Јорген Ритерсбергер очекува трошок од 1,3 милијарда евра, само на име на царини.

На прашање на магазинот Аутокар, за потенцијалот од голем СУВ на Ауди, што ќе им парира на Ланд Ровер Дефендер или на Класата Г на Мерцедес-Бенц, Делнер неодамна изјави: „Не се откажуваме од тој сон.“

Претходна објаваГерманските производители не се откажуваат од Кина, заработката е голема
Следна објаваФолксваген е прва марка што освоила четири Златни Волани во еден цуг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here