Volkswagen ќе лета во Кина: Прототип на патнички дрон

Градскиот воздушен превоз се очекува да прерасне во важен пазар во иднина. Патничкиот дрон што Volkswagen Group го претстави во Кина е проба за иден концепт на мобилност, којшто ќе биде престиж и ќе биде наменет за добростоечките клиенти.

Најновото возило на Volkswagen е од типот eVTOL и во неговата сериска изведба ќе може да носи четири патници, заедно со багаж, на растојание до 200 километри. Клучната разлика е во тоа што овој Volkswagen лета. Кратенката eVTOL означува електрични патнички дронови што полетуваат и слетуваат вертикално. Концернот пред две годни го отпочна проектот за „вертикална мобилност“, со цел да изнаоѓа решенија за превоз во иднината.

Дронот на VW е наречен V.MO и го стекна прекарот „летечки тигар“ со тоа што е лакиран во црна и златна боја. За прекарот секако придонесува и тоа што Кинезите ја водат 2022 како година на тигарот.

Концептот на прототипот се заснова врз посточеките решенија за самостојно возење и батериски технологии. Станува збор за дрон со конфигурација X-Wing, со должина од 11,2 метри и распон на крила од 10,6 метри. Патничкиот дрон располага со осум ротори за подигнување и два ротори за движење.

https://photos.app.goo.gl/uv181KSnAXQzdMnH8

Во текот на годинава ќе се изврши серија тестирања заради усовршување на техниката. Подобрена изведба на прототипот треба да се изработи до крајот на летото во 2023 година. Планот е во иднина да се понуди верзија за продажба.

Во развојот на V.MO учествуваа неколку кинески партнери, меѓу кои Hunan Sunward Technology, посестринска компанија на Sunward Group, што има седиште во Хунан. Оваа компанија е специјализирана за развој и продажба на летала за општа намена, како и придружни услуги. Таа важи како лидер за лесни спортски авиони.

Audi со дрон ги бара возилата за испорака од фабрика

Претходна објаваToyota во Равена отвори салон во трговски центар
Следна објаваКолку електрични автомобили се субвенционираат со 130 милиони €

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here