за

Toyota во Равена отвори салон во трговски центар

Како што се менуваат генерациите на моделите на Toyota, во чекор се прават и промени во салоните. Во Равена, Италија, почна да работи салон што е сместен во трговски центар и има посебен стил.

Дилер на Toyota во италијанскиот град Равена, како начин да се приближи до купувачите се реши да отвори посебен вид на салон, во најголемиот трговски центар во градот. Овој необичен чекор се покажа како вистински погодок, затоа што идејата навистина внесува нова свежина во начинот на којшто производителите на автомобили допираат до народот.

Автомобилите на Toyota го сменија дизајнот и внесоа повеќе емоции во возењето, откако јапонскиот производител почна да ги развива своите модели врз основа на архитектурата TNGA, односно на Toyota New Global Architecture. Тие клучни промени повлекоа нештата да се менуваат во сите подрачја, вклучувајќи го и изгледот на салоните.

Во почетокот на годинава, дилер на Toyota во Париз примени сосем нов концепт на салон, приспособен според новите услуги на мобилност што ги нуди марката. Сега презема чекор и дилерот во Равена, со првиот салон на Toyota што работи во трговски центар и го применува новиот концепт на салони на марката.

Исто како што дизајнот на автомобилите се работи во дизајнерски центри, така и новата архитектура на салоните е дело на тим во седиштето на Toyota во Европа. Замислата на новиот концепт е да се обнови идентитетот на марката и да се обезбеди единствено и посебно искуство при посетата на салоните. Купувачот треба да се чувствува дека е во централна улога во салонот. Секако дека на располагање стојат и сите начини на комуникација со дигиталниот свет.

По влегувањето во салонот на Toyota Moreno во главниот трговски центар во Равена, посетителите се пречекуваат во ‘Customer hub’. Тоа е новото срце на салонот, осмислено како место во коешто може да се пристапи до најразлични дигитални содржини и искуства.

New item by Automedia MK / Google Photos

Постојат повеќе наменски подрачја, како подрачје во коешто се изложуваат најновите модели, но и подрачје Touch & Feel, во коешто клиентите можат да ги избираат опциите за својата Toyota. Посебно место е платформата Beyond Zero, во коешто Toyota јасно го прикажува своето лидерство во електромобилноста. Следно подрачје е ‘Toyota Approved’ за користени возила, а посебен простор е наменет за услугите за мобилност, коишто се водат под името Kinto.

Како што објаснува дилерот во Равена, новиот концепт воведува ново искуство при купување автомобил и го претвора класичниот салон во серија од посветени и функционални подрачја, во коишто персоналот им нуди на клиентите посебно искуство, приспособено на потребите на клиентот.

Во низата фотографии од Равена може да се препознаат бројни детали и стилови што македонската Toyota ги има применето во салонот во Скопје. Тоа е убава чест, навистина имаме убав салон на јапонската марка, веднаш на почетокот на автомобилската улица.

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

Toyota со рекорден удел во Европа, три од четири возила се електрифицирани

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тетовски автомобили со бугарски таблици на струја од јаглен

Volkswagen ќе лета во Кина: Прототип на патнички дрон