Volkswagen има нов модел за Бразил, се планира и Европа

Volkswagen Nivus има нов модел за Бразил, се планира и Европа
Volkswagen Nivus има нов модел за Бразил, се планира и Европа

Новиот модел на бразилскиот огранок на Volkswagen во почетокот ќе се продава на пазарите во Јужна Америка, но подоцна се планира моделот да се дистрибуира и на европскиот пазар.

Бразилскиот огранок на Volkswagen ќе го претстави својот нов модел во четврток (28-ми мај). Volkswagen Nivus е кросовер во класата на Polo и Fabia, се одликува со динамичен дизајн, просторна кабина и високо седење. Виртуелната светска премиера ќе се одржи во 16.00 часот по средноевропско време. Настанот во Сао Пауло ќе се пренесува на англиски, шпански и португалски јазик.

Nivus е развиен во Бразил и во почетокот ќе се нуди на големиот автомобилски пазар во земјата, за во втората половина од годината да следи и негово воведување на аргентинскиот пазар. Во 2021 година, Volkswagen Nivus почнува со продажба и на останатите големи пазари на континентот.

Прв Volkswagen што е развиен во Бразил и ќе се продава како глобален производ

Планот е новиот модел да се нуди како глобален производ. Се планира и посебна верзија за европскиот пазар. Тоа ќе биде првпат модел на Volkswagen што е развиен во Бразил, да се произведува и во други земји и да се продава ширум светот.

Volkswagen do Brasil годинава ја планира својата најголема моделска офанзива, со 20 нови модели за јужноамериканскиот пазар. Nivus oтвора нов сегмент на пазарот, со свеж дизајн, елементи на СУВ и линија на купе. Багажникот од 415 литри е меѓу најголемите во сегментот.

Основата потекнува од модуларниот систем на заеднички компоненти MQB на концернот Volkswagen. Производството ќе се одвива во современа фабрика во Анкиета, во Сао Бернардо до Кампо.

Претходна објаваGoodyear повторно е на небото
Следна објаваRenault, Nissan и Mitsubishi си поставија нови правила за соработка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here