Фолксваген назначи нов шеф за дизајнот на сите марки од концернот

Главниот дизајнер на марката Фолксваген, Андреас Минт, во иднина ќе го надгледува и дизајнот на сите марки од германскиот концерн. Тој доаѓа на местото на Михаел Мауер, кој заминува од компанијата.

Андреас Минт (лево) го презема надзорот над дизајнот на сите марки од концернот, од Михаел Мауер, кој е 4-от дизајнер во целата историја на Порше

Андреас Миндт, раководител за дизајнот на марката Фолксваген, од 1-ви март 2026 година дополнително ќе ја врши и функцијата на шеф на дизајнот на сите марки од групацијата. Тоа место досега му припаѓаше на Михаел Мауер, кој ја напушта компанијата во рамките на планираната смена на генерации.

Мауер претходно му ја предаде својата должност во Порше на Тобијас Зилман, кој дојде од Мекларен.

Задача на Андреас Минт како раководител со дизајнот на концернот е јасно да ги разграничи одделните марки. Секоја марка мора да биде препознатлива уште на прв поглед. Главниот дизајнер на концернот понатаму гарантира дека сите модели одговараат на потребите на одделните региони и пазари, како и на различните очекувања клиентите на пазарите ширум светот.

Андреас Минт ја започна својата кариера во концернот Фолксваген во 1996 година, по завршувањето на студиите на Универзитетот за применети науки за дизајн во Пфорцхајм.

До 2014 година тој работеше на различни места за марката Фолксваген. Тој учествуваше меѓу другото во дизајнот на првата генерација на Тигуан и во надворешниот дизајн на Голф 7.

Во периодот меѓу 2014 и 2021 година, тој доби одговорност за менувањето на надворешниот дизајн на моделите на Ауди. Тоа ги опфати сите модели, од А1 до е-трон ГТ и од Ку 3 до Ку 8.

Следна марка од концернот е Бентли, каде што Минт почнува да работи во 2021 година, на воведување нов дизајнерски правец. Првиот плод од таа работа беше Бентли Батур. Од февруари 2023 година, Минт раководи со дизајнот на марката Фолксваген.

Михаел Мауер заминува од Порше

Михаел Мауер во 2004 година стана четвртиот шеф на дизајнот во долгогодишната историја на Порше. Неговите претходници се Фердинанд Александер Порше, Анатол Лапин и Харм Лагај. Мауер исто така има дипломирано на Универзитетот за применети науки за дизајн во Пфорцхајм и во својата кариера работеше за Мерцедес-Бенц, Смарт и Сааб, пред да премине во Порше.

Порше со нов дизајнер, Тобијас Зилман на местото на Михаел Мауер

Во почетокот на својата работа во Цуфенхаузен, тој раководеше со дизајнот на освеженото моделско годиште на Кајен, со новата Панамера, како и со суперспортскиот Порше 918 Спајдер. Мауер го пренесе дизајнот на Порше и во ерата на електромобилноста. Од јануари 2023 година, тој раководеше и со корпоративниот дизајн на концернот.

Фолксваген Таиго · Тест · Како тигар во тајга

Претходна објаваКиа ЕВ2 мина 310 километри на -21 степени, студот го скуси досегот само за четвртина
Следна објаваMG Motor ДОСТИГНА 1 МИЛИОН ПРОДАДЕНИ ВОЗИЛА ВО ЕВРОПА

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here