за

Електричниот ID.3 на тест кај 150 вработени во Volkswagen

Електричниот ID.3 на тест кај 150 вработени во Volkswagen

Вработените во трите фабрики на Volkswagen во германската покраина Саксонија добија уште една привилегија. Избрани 150 вработени ќе го тестираат електричниот ID.3 во секојдневни услови, во период од неколку недели. Тоа е привилегија и поради фактот што испораките на првиот ID-модел на Volkswagen со погон на струја ќе почнат дури во септември.

Електричниот ID.3 е прв модел во концернот што ја користи новата платформа MEB, наменета за возила со погон на струја. Компактната комбилимузина се произведува во фабриката во Цвикау. Целта на ова тестирање од вработените во компанијата е да се соберат анонимни податоци за навиките на возачките и возачите при користењето на возилото во секојдневието, како и за начинот на возење.

Дополнителните искуства пред почетокот на продажбата на ID.3 на европскиот пазар ни се од исклучително значење“, изјави Томас Улбрих, прв човек за електромобилноста во марката Volkswagen. „Покрај тоа што го произведува ID.3 со највисок квалитет во Цвикау, нашиот персонал ни помага и во усовршувањето на технологијата.“

Volkswagen ID.3 е прв автомобил во светски рамки што се произведува и испорачува неутрално во однос на емисијата на СО2.

Во септември претстои важно поглавје во историјата на автомобилизмот. На тоа укажува фактот што најголемиот производител на автомобили во светот стартува со масовна електрификација, а тоа ќе има влијание врз целата бранша. Во исто време, масивните субвенции за електричните возила на сите поголеми и позначајни пазари во светски рамки, веќе овозможуваат возилата со погон на струја да се набавуваат по цена споредлива со моделите со обичен погон. Дополнително на тоа следи фактот што електричните возила се во предност и во поглед на оперативните трошоци, сервисирањето, издржливоста.

Тест-возачите“ од персоналот во фабриките во Цвикау, Хемниц и Дрезден се избираат по пат на ждребка. Софтверот во овие возила што им се ставаат на располагање на вработените намерно не е комплетиран, со цел тоа да се врши паралелно, како што до инженерите ќе пристигаат податоците и искуствата од тестирањето на возилата. Софтверот практично ќе се обновува во движење, преку мрежата.

Планот е концернот да проиведе 1,5 милион електрични автомобили до 2025 година

Во септември ќе почне испораката на специјалната серија ID.3 1st Edition којашто е ограничена на 30.000 примероци. Марката Volkswagen планира во рамките на е-офанзивата да понуди електрични модели во сите позначајни сегменти на возила до 2022 година. Во стратегијата за освојување на тронот во електромобилноста, концернот Volkswagen вложува 33 милијарди евра до 2024 година, од кои 11 милијарди само во матичната марка. До 2025 година треба да се произведат 1,5 милион е-автомобили, за потоа до 2050 година целиот возен парк да биде електричен.

Цвикау е најголема и најефикасна фабрика за електрични автомобили во Европа. Од следната година, во производството на ID.3 ќе учествуваат и фабриките за компоненти во Бранушвајг, Касел, Залцгитер и Волфсбург. Во 2022 година, во производство на електрични автомобили ќе се придружат и Емден и Хановер.

Годинава претстои уште еден важен старт, на СУВ-моделот ID.4, кој исто така ќе излегува од фабриката во  Цвикау.

Volkswagen со реклама на автобусите во Берлин: „Почнете да возите на струја“

Volkswagen со реклама на автобусите во Берлин „Почнете да возите на струја“
Volkswagen со реклама на автобусите во Берлин „Почнете да возите на струја“

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто електричната Kia Soul поседува топлинска пумпа

Зошто електричната Kia Soul поседува топлинска пумпа?

Првиот BMW X5 бил нацртан за два часа

Првиот BMW X5 бил нацртан за два часа