Фолксваген ИД.3 станува ИД.3 Нео, примерот ќе го следат и други модели

Марката Фолскваген ќе го смени името на својот компактен електричен автомобил ИД.3 во ИД.3 Нео, кога освежениот модел ќе се појави на сцената во средината на април.

Фолскваген ИД.3 Нео добива нови системи за асистенција и можност телефонот да се користи како дигитален клуч за возилото.
  • Имињата на електричните модели се приближуваат до традиционалните модели на Фолксваген.
  • Новитет во системите за асистенција е автоматското престигнување и користењето на телефонот како клуч за возилото.
  • По претстојниот фејслифт, ИД.4 ќе стане ИД Тигуан.

Германската марка продолжува со менување на имињата на своите модели со електричен погон, за тие да се приближат до имињата на традиционалните модели на Фолскваген.

Намерата е на тој начин да се поврзе наследството на марката со новите електрични модели, коишто забрзано се воведуваат во понудата на Фау Ве.

Овој стратешки чекор започна со презентацијата на концептниот ИД Поло на салонот ИАА Мобилност во Минхен во 2025 година. Кон средината на следниот месец, компактниот СУВ-модел ИД.4 во освежената моделска година ќе се преименува во ИД Тигуан.

По истата логика, компактниот ИД.3 во иднина ќе се преименува во Фолскваген Голф, како едно од најзвучните моделски имиња на автомобилската сцена. Волфсбург сепак се реши да не го презема тој чекор уште сега.

Концернот ќе го користи името Голф кога ќе почне продажбата на следната генерација на моделот, односно на Голф 9. Вработените во компанијата неодамна можеа да го погледнат моделот, за време на состатокот на работничиот совет.

Фолскваген веќе го има користено името Нео. Во 2019 година, компанијата го прикажа концептниот автомобил во ран развој под името ИД. Нео. Од него понатаму произлезе серискиот модел ИД.3.

Овежување во софтверот и во фунционалноста

Освежениот модел доаѓа и со бројни промени, покрај името. Фолскваген изврши неколку унапредувања меѓу системите за асистенција и воведе нови функции преку телефон.

Меѓу главните промени спаѓа новата генерација на Травел Асист, којшто сега располага со автоматско престигнување и со камера за семафори, на што се надоврзува навигација на база на податочен облак и можност за телефон да се користи како дигитален клуч за возилото.

Фолксваген ИД.3 на тестот на Аутомедиа

Volkswagen ID.3 ја тестира електромобилноста во Македонија

Првпат во моделот ќе се вградува и системот за инфо-забава Иновижн, заедно со новиот оперативен систем ИД Софтвер 6, којшто е развиен од концернот и од сопствениот огранок за развој на софтвер Каријад.

Како што најави шефот за равој Каи Груниц, истиот технолошки пакет ќе следи кај помалите модели и кај останатите компактни електрични модели. Фолскваген тврди дека новата генерација на софтвер се одликува со напредок и во перформансите и во стабилноста.

Во 2025 година, Фолксваген продаде 78.688 примероци од ИД.3, што беше значителен раст во споредба со 54.491 возила во 2024 година.

Претходна објаваНајпродавани компактни СУВ во Европа во јануари
Следна објаваФИАТ Гранде Панда е градски автомобил на годината во Португалија

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here