
Пазарниот сегмент што им припаѓа на автомобили како Киа Спортаж и новиот Фолксваген Т-Рок постигна раст во продажбата во јануари. Со вкупно 197.867 возила, сегментот пораснал за 4,5 проценти од лани, односно продадени се 8.530 возила повеќе.
На двата модели на Фолксваген, што го држат врвот во јануарската продажба на СУВ-модели од компакт класата во Европа им припаѓаат близу 15 проценти од целиот сегмент. Посебно во овој преглед се наведени компактните СУВ од премиум марките.
Новата генерација на Фолскваген Т-Рок се појавува во еден сегмент повисоко во споредба со претходниот модел, којшто се водеше како малечок СУВ, меѓутоа пак го држи врвот во најпродаваниот пазарен сегмент во Европа веќе извесно време. Т-Рок е прв, иако има пад од 5,3% во споредба со истиот месец лани, главно поради генерациската смена, што е вообичаена појава.
Вториот модел во Топ 10 исто така е Фолксваген. Тигуан има пад од 18,6 проценти што буди сомневање дека ќе се појави канибализација меѓу двата модели на Фау Ве што се мошне блиски. Разликата во продажбата меѓу двата модели се сведува на околу 200 примероци.
На третото место е добар познајник, Киа Спортаж, којшто по фејслифтот и стабилизирањето на испораката бележи раст од 1,1 процент во јануари. По него следи Пежо 3008, којшто имаше огромен раст лани. Водечката петорка ја заокружува Нисан Кашкај, исто така со благ раст.
Голем пад има кај Хјундаи Тусон, со 21,3 проценти во минус и 2.814 помалку продажби во споредба со јануари лани. Тојота Ц-ХР е класика, посебно во време кога пазарот покажува растечки интерес за класичниот хибриден погон, иако моделот се нуди и во изведба со приклучен хибриден погон.
Големото изненадување е 8-то место на Шкода Елрок, целосно електричен модел што уште од појавувањето лани постигнува еден од најзабележаните пробиви на пазарот. Во споредба со лани, пазарот годинава пораснал 1.243,9 проценти.
Актуелната Форд Куга никогаш не успеа да стекне слава и го заврши месецот на 9-то место, соодветно со пад од 6,6%, со помалку продажби од БМВ Икс 1, којшто е премиум модел со соодветна разлика во цената.
Десетката ја комплетира уште еден модел на Шкода, а со тоа и на концернот Фолскваген, класичарот Карок, којшто очигледно препушта дел од купувачите да се префрлат на електричниот Елрок.
Кај премиум моделите очекувано водат БМВ и Мерцедес-Бенц
Оваа големина на СУВ им е прв избор и на купувачите на автомобил од премиум марка. СУВ-моделите од компакт класата се најпродаваниот сегмент и во премиум-конкуренцијата. Нивната продажба во јануари достигнала 52.548 возила, што е незначително (0,1%) над почетокот на минатата година.
Води убедливо БМВ Икс 1 со 8.330 возила, иако и тоа е пад од 4,9 проценти. Во овој Топ 10, единствено Икс 1 и Ауди Ку 2 имаат пад. Добро напредува Мерцедес-Бенц ЦЛА, со раст од 14,4%, на второто место, по него е Волво Икс Ц 40. Ауди е дури на 4-то место со новиот Ку 3, за по него да следи електричната изведба на Икс 1, БМВ и-Икс-1.
Еден од најголемите порасти има Мини Кантримен, но шампионскиот раст во јануари им припаѓа на Волво Е Икс 40, уште еден електричен модел во Топ 10, и на новиот Ауди Ку 3, којшто ја искористува предноста на модел од нова генерација.















