Електричниот Volkswagen ID.R постави најбрзо време на ридската патека во Гудвуд, извозувајќи го легендарниот курс за 41,18 секунди. Урнат е 20-годишниот рекорд, што Ник Хајдфелд го постави со McLaren MP4/13.
Најбрзото време на ридската патека во Гудвуд повеќе не ну припаѓа на тркачки болид од формула 1, туку на електричен автомобил на Volkswagen. Дваесет години остана рекордното време од 41,60 секунди, што Ник Хајдфелд го постави во 1999 година со McLaren MP4/13. Сега има нов рекордер, Volkswagen ID.R и, тој вози на струја. Неговото време е 41,18 секунди.
https://photos.app.goo.gl/8faibfpLj1oVymUd8
Тркачкиот промотер на електричниот погон на Volkswagen, на патеката долга 1.867 метри постигна просечна брзина од 163 km/h. Рекордот го извозе Ромен Дума, двократен победник на Леман. Ова беше трето брзинско докажување на ID.R, по рекордните 6:05,33 минути на Нордшјалфе на Нирбургринг во минатиот месец, а потоа и рекордното време за искачување на Пајкс Пик, од 7:57,15 минути, поставено лани во јуни.
„Постојано расте моќноста на електричните автомобили и многу е возбудливо кога тие им се спротивставуваат на автомобилите со мотор со внатрешно согорување. За претстава околу напредокот што го постигнавме, во 2018 година извозевме за 43,86 секунди – годинава бевме побрзи за безмалку три секунди
Свен Смитс, Volkswagen
Трркачкиот прототип ID.R се усовршува постојано и моментно постигнува моќност од 680 КС и вртежен момент од 650 њутнметри. Со возач, електромобилот тежи под 1.100 килограми. Спринтот до темпо сто трае 2,25 секунди, брзината е ограничена на 270 километри на час.
















