Фолксваген ќе ги користи старите имиња за новите електрични модели

Место бројка, идните електрични модели на Фолксваген, покрај ознаката ИД ќе ги носат познатите имиња од понудата на модели, прв е ИД Поло.

Марката Фолксваген ќе ги спои двата различни системи за именување, кај своите идни модели со електричен погон. Ознаката ИД што се користеше досега за овие модели останува, меѓутоа бројките (ИД 3, ИД 4 итн.) ќе се заменат со познати имиња од понудата на модели со мотори со внатрешно согорување, со споредлива големина. Прв таков модел е ИД Поло.

Електричната комбилимзина од градската класа ИД Поло ќе почне со продажба во 2026 година и ќе се нуди заедно со Поло со мотори со внатрешно согорување. Фолксваген Поло постои на пазарот уште од 1975 година.

„Имињата на нашите модели се вкоренети во мислите на луѓето. ИД Поло е само почетокот“, најави извршниот директор на марката Фолксваген, Томас Шефер, во соопштението од 3-ти септември.

Фолксваген почна да ја користи ознаката ИД за своите електрични модели во 2018 година, кај компактната комбилимузина ИД 3. Намерата со ознаката ИД беше да се укаже дека тоа се посебни модели и дека во нив се користи најнапредна технологија, заедно со електричниот погон. Понудата од модели ИД во моментов ја заокружува ИД 7, којшто со големината и перформансите одговара со класичниот Пасат.

Волфсбург најави дека познатите имиња од своите модели со мотор со внатрешно согорување ќе почне да ги користи кај своите електрични модели, како што ќе им доаѓа време за преоѓање во нова генерација. Моделите со мотор со внатрешно согорување ќе продолжат да ги користат постоечките имиња.

Одлуката за промена на именувањето „ќе им помогне на купувачите во идина да имаат подобра претстава за понудата од модели на марката,“ порачуваат од Фолксваген.

ИД Поло ќе го пренесе наследството на истоимениот модел со мотори со внатрешно согорување во ерата на електричниот погон

„Модел каков што е Поло покажува колку може да биде моќно името: тоа симболизира издржливост, персоналност и историја. Точно поради тоа, на нашите модели ИД им ставаме имиња што побудуваат емоции и се вкоренети во секојдневното живеење на луѓето“, порачува во соопштението директорот за продажба Мартин Зандер.

Фолксваген првпат ќе го прикаже ИД Поло, обложен со маскирна фолија, на 7-ми септември, за потоа да следи големата премиера на салонот ИАА во Минхен, што се одржува од 9-ти до 14-ти септември. Волфсбург го покажа изгледот на автомобилот со концептот ИД2 Ол од 2023 година.

Заедно со електричниот Поло, ФВ ќе излезе и со концепт за најава на СУВ-изведбата од ИД Поло. Серискиот модел што ќе произлезе од тоа ќе ја нози ознаката ИД Крос. Неговата продажба треба да започне во 2026 година, како електричен пандан на Т-Крос, којшто користи класичен погон.

ИД Поло и ИД Крос се дел од планот на групацијата Фолксваген, којшто вклучува четири модели за посилно пробивање на пазарот на подостапни електрични модели. Два од тие модели се Купра Равал и Шкода Епик. Сериската изведба на Купра Равал исто така ќе биде прикажана преку камуфлирано возило на настанот за медиуми на Фолскваген на 7-ми септември, пред ИАА.

ИД Поло ќе почнува под 25.00 евра, потврди Фолксваген.

ИД Поло ќе се натпреварува со новите електрични модели од класата, како Рено 5, Би Уај Ди (Кинезите го нарекуваат Бијади) Долфин Сурф, и секако Ситроен е-Ц3.

ИД Крос ќе има поширок круг конкуренти, а меѓу нив Би Уај Ди Ато 2, Тојота Урбан Крузер, Киа ЕВ2 и Фиат Гранде Панда.

Претходна објаваАуди А6 во деветтата моделска генерација во салонот на Порше
Следна објаваРено разви генератор што го продолжува досегот на електричните автомобили, голем е колку актовка

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here