Фолксваген ќе понуди поевтини електрични модели со батерија ЛФП

Групацијата Фолксваген ќе користи поевтина платформа МЕБ Плус за цела низа нови електрични модели со достапна цена од своите големоволуменски марки, односно од матичната марка ФВ, како и од Шкода и Купра. Прв таков модел е ИД.2, модел од градската класа, што почнува со продажба в година, најави шефот на марката Фолксваген, Томас Шефер.

Разликата меѓу платформата МЕБ Плус и досега масовно користената МЕБ е во тоа што ќе се вградува батерија литиум-железо-фосфат (ЛФП) којашто е поевтина. Покрај тоа, конструкцијата на целата батерија е многу поедноставна .

Фолксваген ја најави платформата МЕБ Плус пред три години, заедно со електричниот кросовер со долг досег, што во меѓувреме беше откажан.

Во таа пригода, компанијата соопшти дека МЕБ Плус ќе постигнува досег до 700 километри и полнењето ќе трае покусо, со брзо полнење со моќност меѓу 175 и 200 киловати.

Скусувањето на трошоците за батеријата е „следниот голем чекор“ што води кон тоа, цената на електричните автомобили да стане споредлива со автомобилите со обичен погон, изјави Шефер пред учесниците на конгресот за иднината на автомобилите, што Фајненшел Тајмс ја одржа во Лондон во средината на мај.

Концернот ФВ во првото тромесечје продаде 217.000 елеткрични возила и 82.000 приклучни хибриди, што е раст од 59% и 15% соодветно

Нема потреба ќелиите да се составуваат во модули, се смалува и количината на кабли

Батеријата има и поедноставна конструкција, затоа што кај постоечката техника, посебни батериски ќелии се составуваат прво во модули, а од тие модули потоа се составува целата батерија. Овој пристап е сложен, поради тоа што сите модули мора да бидат поврзани со кабел меѓусебно. Новата батерија содржи далеку помалку кабли.

„Поврзувањето меѓу одделните модули се смалува значително, така што трошоците за батеријата можете да ги скусите прилично драматично“, кажува Шефер.

Каблите учествуваат со 10 до 20 проценти во цената на просечна батерија, ценат консултантите од БЦГ.

Производителите го насочија сето внимание кон батеријата, во борбата да се постигне значително намалување на цената на електричните автомобили.

Рено исто така соопшти дека неговиот огранок Ампер работи на батерија без посебни модули, во соработка со ЛГ Солушн. Светскиот лидер во електричните возила, кинески БИД, отиде чекор понапред и направи неговите ќелии да се вградуваат директно во самата каросерија.

ИД.2 ќе има споредлива цена со модел со бензински мотор

Директорот за финансии на групацијата Фолксваген, за време на објавувањето на деловните резултати во почетокот на мај, изјави пред инвеститорите дека ИД.2 ќе биде прв електричен модел од компанијата, што ќе овозможи добивка иста со модел со мотор со внатрешно согорување со споредлива моќност. Тој за споредба го посочи СУВ-моделот од градска класа Фолксваген Т-Крос. „Уште постои потреба од голема поддршка (субвенции) за БЕВ,“ додава Шефер.

Фолксваген развива сопствена батерија со унифицирана ќелија, со план за производство во Залцгитер, Геманија, во Валенсија, Шпанија и во Сент Томас, Канада. Почетокот на производството се очекува пред завшретокот на годинава, во фабриката во Залцгитер, соопштија од Пауер Ко, огранокот за батерии на групацијата Фолксваген.

Шефер цени дека компанијата ја има вистинската стратегија. „Не може сé да се препушти на набавка,“ кажува шефот.

Цената за производство на батериски ќелии во Европа се смалува, но тоа оди пребавно. „Сите треба да се подобриме, а очигледно е дека ммогу зависи и од цената на електричната енергија“, укажува Шефер на повисоката цена што производителите треба да ја платат за струја за фабриките.

Високата цена на енергијата за производство на ќелии значи дека бизнисот е мошне чувствителен на цената на електричната енергија. Фолксваген постави цел за цената за производство на ќелиите да се движи меѓу 5 и 6 центи по секој киловатчас.

„Во некои земји, таа е 12 до 13 центи. Секој цент над тоа значи 100 милиони евра дополнителен трошок,“ објаснува Шефер.

[the_ad id=”85764″]

ИД.2 ќе се произведува во Шпанија, заедно со неговата СУВ-изведба од марката ФВ, како и со спортската комбилимузина Купра Равал и со малечкиот СУВ-модел Шкода Епик. Меѓу идните модели врз плартформата МЕБ Плус се планира и СУВ со седум седишта на Шкода, што треба да стартува во 2026 година.

Претходна објаваОпел Мока во освежено издание е следната премиера во славеничката година на Еуроимпекс
Следна објаваТрамп со повластените царини за британски автомобили ги оштети домашните компании што произведуваат во Канада и Мексико

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here