
Производителите во САД се оштетени со тоа што Британците добија повластена позиција и царина од 10 % за увоз на нивните автомобили, додека царината за увозот од Канада и Мексико останува непроменета на 25 проценти. Голем број производители од САД, ги увезуват своите модели токму од фабрики во Канада и Мексико.
Најновата одлука на администрацијата на Трамп за царините за автомобили, а тоа е повластената царина од 10% за увоз од Обединетото Кралстов, предизвика вознемиреност во светската автомобилска индустрија. Додека британските шефови ја поздравуват одлуката, нивните колеги од САД се разочарани.
Причина е тоа што возилата увезени од Обединетото Кралство во САД, сега подлежат на пониска царинска стапка, во споредба со возилата што се увезуваат од Канада и Мексико. Овие две автомобилски индустрии имаат силна поврзаност со индустријата во Соединетите Држави.
Со спогодбата што администрацијата на Трамп во мај ја постигна со Обединетото Кралство, речиси сиот увоз на возила од Британија ќе се царини со стапка од 10 проценти, додека за возилата од Канада и Мексико останува царината од 25 проценти.
Фабрики за монтажа и погони на добавувачи во Канада и Мексико
Големата Тројка од Детроит, односно Џенерал Моторс, Форд и Стелантис, притиска за Белата Куќа да направи измени. Нивните аргументи се дека производителите во Северна Америка се оштетени, поради тоа што за увоз на возила од други континенти важат царински повластувања.
Крис Фоел, извршен директор на марките Крајслер и Алфа Ромео на концернот Стелантис, вели: „Прашањето е колку брзо ќе успееме од постоечката влада да издејствуваме услови што се повеќе поволни за Канада и Мексико. Сепак поседуваме фабрики за монтажа, но и добавувачки ланци во овие региони.“
САД веќе одобрија, царината за повеќето британски возила да се спушти од 25 на десет проценти. Оваа повластена царинска стапка важи за првите 100.000 возила што Обединетото Кралство ќе ги увезе на годишно ниво во САД.
Спогодбата Соединети Држави-Мексико-Канада станува пречка
Според С & П Глобал Мобилити, од 2022 година наваму, во САД годишно се продаваат помалку од 100.000 британски возила во земјата. Во следните месеци ќе се договорат и останатите поединости. Британските производители и политичарите ја поздравија спогодбата и ценат дека тоа е големо олеснување за браншата.
„Примената на овие царини ќе претставуваше сериозна и непосредна закана за британските извозници на автомобили,“ каќа Мајк Хејвс, извршен директор на британското здружение на производители и трговци со автомобили. „Со оваа спогодба брзо се доаѓа до неопходното растоварување.“
Наспроти тоа, северноамериканските производители немаат причини да се радуваат. Проблем е тоа што канадските и мексиканските возила, што ги исполнуваат условите на спогодбата за слободна трговија УСМЦА (меѓу САД, Мекиско и Канада), подлежат на царина од 25 проценти, за вредноста на деловите што се вградени во тие возила и што потекнуваат од Канада или Мексико.
Критики до Трамп, за штета врз индустријата во САД
Возила што не ги задоволуваат барањата на Спогодбата, се царинат со стапка од 25 проценти за целата вредност на возилото.
Огромни се разликите во висината на царината. Увозник на британско возило што вреди 50.000 долари, плаќа царина од 5.000 долари, без оглед на тоа колкав удел од деловите во тоа возило е произведен надвор од САД.
Споредливо возило, увезено од фабрика во Канада или Мексико, мора да поседува најмалку 60% делови што се од произведени во САД, за и тоа да се царини 5.000 долари.
Истиот пример со Обединетото Кралство ќе важи за ЕУ и Јапонија
На тоа реагираше Советот на производители на автомобили во САД, којшто ја застапува Тројката од Детроит. „Разочарани сме од тоа што на владата на Обединетото Кралство ѝ е даден приоритет во однос на нашите северноамерикански партнери“, вели Мет Блант, претседател на Советот. „Се надеваме дека овој повластен пристап за британските возила во однос на северноамериканските возила, нема да биде преседан за идните преговори со азизките и европските конкуренти.“
[the_ad id=”85764″]
Владата на Трамп цели кон тоа да се потпишуваат посебни трговски спогодби со различни партнери, вклучувајќи ги Јапонија и ЕУ. Познавачите се убедени дека спогодбата со ОК може да послужи како пример.
Според анализите на S & П Глобал Мобилити, автомобилскиот сектор воопшто не бил во прв план во преговорите со Кралството. Тоа значи дека Белата Куќа веројатно ќе примени многу построга политика во однос на останатите држави, односно може да се воведе значитечно помала квота на возила што ќе се увезат со повластена царина.















