за

Volkswagen избра фабриката за батерии да ја гради во Канада

Концернот Volkswagen и неговиот огранок на батерии PowerCo објавија дека фабриката за батериски ќелии ќе ја градат во Ст. Томас, Онтарио.

Првата фабрика за батериски ќелии на концернот Volkswagen на територијата на Северна Америка ќе се гради во Канада. Таа ќе биде дел од регионалниот синџир за снабдување на фабриките за електрични возила.

Volkswagen и неговиот огранок што е специјализиран за батерии PowerCo објавија дека ќе инвестираат во градот Сент Томас, на југозападот на Онтарио, на половина растојание меѓу Торонто и Виндзор. Финансиските детали во овој момент не се соопштуваат.

Германскиот концерн планира фабриката да започне со изработка на батериски ќелии во 2027 година.

Томас Шмал, шеф за развој на технологија во Volkswagen и директор на огранокот PowerCo, цени дека инвестицијата ќе ја забрза „до полна брзина“ стратегијата за батериите на Volkswagen.

„Нашата гигафабрика во Канада испраќа силна порака: PowerCo е на пат да стане глобален играч во подрачјето на батериите,“ кажува Шмал во соопштението.

Volkswagen не ја наведува висината на инвестицијата, ниту капацитетот на новата фабрика, меѓутоа Шмал во август најави дека компанијата планира капацитет од 20 гигаватчасови за својата прва фабрика за батерии во Северна Америка.

Вредноста на инвестицијата и поконкретни податоци околу продукцијата се очекува да бидат објавени на настан што во следните месеци ќе се одржи во Сент Томас.

Во услови на жестока конкуренција, Канада во изминативе месеци се покажа како фаворит за првата фабрика за батерии на Volkswagen во Северна Америка.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota со двојна победа на 1000 милји Себринг

Mercedes вложува милијарди во фабриките во Германија, Кина и Унгарија