Mercedes вложува милијарди во фабриките во Германија, Кина и Унгарија

Mercedes-Benz во следните неколку години ќе вложи милијарди евра за да ги осовремени своите фабрики во Кина, Германија и Унгарија. Тоа го изјави директорот за производство Јерг Буцер, за германскиот индустриски гласник „Аутомобилвохе“.

„Во подготовката на секоја од трите фабрики вложуваме двоцифрени суми во милијарди“, кажа Бурцер за германскиот медиум, додавајќи дека инвестициите главно ќе бидат наменети за фабриките во Пекинг, Раштат и Кечкемет.

Производителот на премиум автомобили ќе започне да работи на осовременување на фабриката во Раштат во текот на летото. Првиот модел што е конструиран врз новата платформа за модели од компакт класата (A-Class и др.), којашто се води под ознаката MMA, ќе почне да се произведува во 2024 година.

Новата платформа е проектирана за електричен погон, но предвидува и изведби со мотор со внатрешно согорување.

Од сегашните седум моделски изведби во семејството на A-Class, бројот на модели што се произведуваат во германската фабрика ќе се скуси на четири, потврдува Бурцер.

Mercedes исто така вложува ниска едноцифрена сума во милијарди за модернизација на лакирниците во Раштат, како и во фабриките во Зинделфинген и Бремен, сите во Германија.

Меѓу целите на модернизацијата спаѓа и намалување на потрошувачката на енергија и вода во фабрикатаа, како и намалување на зависноста од природен гас

Видејќи фабриката во Зинделфинген е најстара, нејзината лакирница прва ќе биде модерницирана. Таму ќе се произведуваат два нови спортски модели, што ќе бидат конструирани врз платформата AMG.EA за електричен погон.

Модел од средната класа, базиран врз третата платформа за целосно електрични модели, MB.EA, планирано е да се произведува во Кечкемет, Унгарија.

Експанзија во САД

Во Mercedes-Benz се размислува и за проширување на фабриката во Таскалуза, Алабама. Таму може да се искористат и државните субенции коишто се дел од Актот за намалување на инфлацијата (IRA).

„Ќе видиме што ќе се случи со IRA. Рамковните услови во светот се менуваат постојано и мораме да реагираме ако е неопходно,“ објаснува Бурцер.

Concept EQA е дизајниран од Славче Таневски

Mercedes во моментов ја подготвува својата производствена мрежа ширум светот, за својата следна генерација целосно електрични модели, конструирани врз новите платформи.

Моделската понуда во Европа и Кина е веќе утврдена, меѓутоа уште е под знак на прашање што ќе се случува со фабриките во Јужна Африка и во Мексико.

Фабриката во Јужна Африка произведува C-Class под полн капацитет, додека СУВ-моделот GLB излегува од производствените ленти во Мексико.

Mercedes се подготвува да прерасне во целосно електрична марка до зафршетокот на деценијата, на пазарите каде што тоа ќе има смисла.

Претходна објаваVolkswagen избра фабриката за батерии да ја гради во Канада
Следна објаваШефот на Renault цени дека Европа заостанува со технологијата

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here