Volkswagen e-Up: Струја за секој ден – бензин за патување

6. VW E-UP, продадени примероци 1,654 (-39.4%)

Сопствениците на е-Up имаат можност нивниот електричен автомобил да го заменат со обичен за патување на подолги растојанија. Може да се избере кој било модел на VW, бесплатно.

Volkswagen го решава најголемиот проблем на електричните автомобили со многу едноставна идеја. За патување на подолги растојанија, на пример на годишен одмор, исто како и за превоз на покрупни предмети, сопствениците на електричниот Up можат да го заменат својот автомобил со кој било друг модел со обичен погон од моделската понуда на Volkswagen. Единствен услов е дилерот на Volkswagen да е регистриран член на мрежата за изнајмување возила Euromobil и да е партнер за електричните автомобили на Volkswagen.

Услугата е достапна во првите три години по купувањето на Volkswagen e-Up во период од вкупно 30 денови, вклучувајќи бонус километража. Идејата за прв пат ја искористи BMW, исто така за нивниот електричен автомобил i. Во деновите за одмор, сопственикот бесплатно добива како замена BMW X5.

Претходна објаваMacan: Малиот тигар на Porsche
Следна објаваНајгрдиот автомобил на салонот во Лос Анџелес

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here