Volkswagen Crafter во посета кај најдобрите занаетчии во Европа

Новото големо комбе на Volkswagen синоќа појде од Хановер во патешествие низ 30 држави, во кои ќе ги посети мајсторите со ретки занаети. Турата насловена симболично Crafter2Craftsmen ќе трае четири месеци. Вкупно 42.000 километри го очекуваат Volkswagen Crafter на големата европска тура.

Синоќа во Хановер беше пригодно одбележан стартот на продажбата на новиот Crafter. Доставното комбе на Volkswagen во следните четири месеци ќе извози 42.000 километри низ 30 европски држави, во посета на заначетчиите со најнеобични занаети.

За маратонот е избран Crafter во варијанта L3 H3, со шестстепен меннувач и дизел со моќност од 177 КС. Товарниот простор е во изведба „сортимо“, кадешто безбедно ќе се сметсат сувенирите од патешествието. Комбето ќе има придружба од Volkswagen T6, во когошто ќе биде сместен целиот тим. На секои 14 денови ќе се заменуваат тимовите.

https://twitter.com/crafter2crafts/status/795532020348841984

Првата станица на Crafter2Craftsmen беше во пржилницата за кафе на Андреас Бернт од Бургдорф, во близина на Хановер. Германскиот кафеџија го има изучувано занаетот низ цела Европа и особено внимава на рачното производство. Патувањето за Crafter продолжува кон врвните занаетчии низ цела Европа: Гајдаџија во Шкотска, реставратор на ветерници во Холандија, дански одгледувач на лалиња за кралскиот двор и шведски изработувач на секири. Дополнително ќе биде посетен и занаетчија во Мароко.

https://youtu.be/r5sAbdegpWU

Од нашето соседство се избрани заварувач во грчкиот Ахарнес, бугарскиот етномузеј Етар во Габрово и ткајач на теписи во Истанбул. Македонија со својата долга занаетчиска традиција не е на списокот на земји за посета. Необично.

Претходна објаваRange Rover со 155 километри на час по патека за скијачки спуст
Следна објаваКои марки имаат најдобри системи за заштита на пешаци: Тест на АДАК

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here