за

Volkswagen Corrado: Спортскиот модел од Волфсбург што не е GTI

Volkswagen Corrado
Volkswagen Corrado

Кога ќе се спомне Volkswagen и спортски модел, одговорот секогаш е Golf GTI. Секако дека во историјата на Волфсбург постои и вистински спортски модел, со купе каросерија, но ретко кој помислува прво на Scirocco. Или на Corrado. Мало присеќање на овој модел што имаше мошне бурен темперамент, а некои негови изведби моментно надминуваат цена на нов Golf.

Volkswagen имаше убаво поглавје со купето Scirocco, со техника од Golf, но секогаш во сенка на Golf и на GTI. Постоеја пристојно опремени и моторизирани изведби, како Scirocco GLI или GTX, меѓутоа култот на GTI беше премногу моќен, за да остане простор за втор модел.

Волфсбург сакаше да го смени тоа уште во почетокот на 1980-те години и да го смени Scirocco со повисоко позициониран модел. Управата на марката сепак се реши да нe го менува концептот и во 1981 година го претстави Scirocco II. Претходниот план се реализираше во 1988 година, со премиерата на Volkswagen Corrado. Новиот модел беше поблагороден и поскап во споредба со Scirocco, па затоа двата модела се нудеа заедно до 1992 година.

Corrado ја користеше техниката и погонот од Golf III, а се произведуваше кај традиционалниот партнер Karmann во Оснабрик. Дизајнерот Херберт Шефер создаде форма што изгледаше елегантно и во исто време моќно. Сцената реагираше со многу повеќе ентузијазам на моторите во купето, особено на топ-моделот со мотор VR6. Тоа беше револуционерна конструкција на V-мотор, со необично мал агол меѓу двата реда цилиндри. Предноста e во тоа што VR6 е покус од класичен V6 со агол од 60 степени и може да се вгради попречно.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Со зафатнина од 2,8 литри и 174 КС, Corrado беше моќна појава во компакт класата во тоа време. Подоцна зафатнината се зголеми на 2,9 литри, а следеше и зголемување на моќноста на 190 КС. Погонот на сите тркала од VW Golf VR6 Syncro не проработе во скапото, но вредно купе.

Освен со дизајнот, Corrado го привлекуваше вниманието и со техниката – покрај моторите VR6. Тој е првиот модел на Volkswagen што имаше лакирани браници, додека предните крила беа прв дел што Волфсбург го конструираше преку CAD. Во 1993 година се појави студија на кабриолет, но таа не доживеа сериско производство.

Corrado G60 од ерата на „G-ладерот“ на Volkswagen

Во почетокот, Corrado одушевуваше со друг мотор, пред да се појави VR6. Тогаш инженерите на Volkswagen ја вежбаа својата мајсторија со прочуените „G-ладери“. Тоа беа спирални полначи, производ на Garett, кои од 1,8-литарскиот мотор во Corrado G60 извлекуваа 160 КС. Техниката им се погоди и на тјунерите, кои добија многу простор за работа, односно за зголемување на моќноста.

Со крајна брзина од 225 km/h, Corrado G60 беше најбрз сериски модел на Volkswagen. За возачите да не доживеа непријатно изненадување при високи брзини, назад се вградуваше електрично задвижуван спојлер. VR6 беше за десет километри на час побрз.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатре пречекуваа добро контурирани спортски седишта и прегледен кокпит од Passat B3. За внатрешноста беше одговорен дизајкерот Вулф Ригер. Во 1993 година имаше моделско освежување, кога големите преклопници беа заменети со обични копчиња. Опција беа врати обложени со кожа и грејачи во седиштата.

Corrado го замина со специјалната серија VR6 Storm, со каросерија во темно сина или темно зелена боја, изработена во 505 примероци и наменета само за британскиот пазар. Тоа беше и најголемиот пазар за спортскиот модел. Специјалниот модел имаше BBS-бандажи, две воздушни перници и кожени седишта во црна или беж боја, со греење. До 1995 година, моделот се произведе во 97.535 примероци.

Моментно расте интересот на сцената на олдтајмери и јангтајмери. На онлајн-берзата mobile.de може да се најде верзија со дволитарец со 115 КС за 4.000 евра, додека за комплетно опремен VR6 од 1993 година, со 190 КС треба да се издвојат најмалку 20.000 евра. Ретки примероци со мала километража се ценат и над 25.000 евра.

Пазарот е добро снабден со резервни делови, затоа што повеќето од компонентите во погонската спрега и подвозјето се од Golf III. Посебно треба да се внимава кај верзиите G60, кои не издржуваат многу. Затоа пак, за VR6-верзиите не треба да има какво било двоумење. Единствено треба да се провери дали каросеријата е нападната од корозија, дали функционира електриката (прозорците, покривот, климатизацијата) и дали заптивката на главата на моторот мора да се менува. Внимание треба да се посвети и на затегнувачите на синџирот.

Технички податоци · Volkswagen Corrado VR6

(од јули 1991 до декември 1995)

New photo by Automedia MK / Google Photos
Мотор и пренос

VR6, 2861 ccm, 2 вентили по цилиндар, 140 kW (190 КС) при 5800/min, 245 Nm при 4200/min, мануелен менувач со 5 степени, Euro 1

Димензии и тежини

Д х Ш х В 4050 х 1690 х 1310 mm, меѓуоскино растојание 2470 mm, багажник 235 L, празно возило 1285 kg, носивост 295 kg

Перформанси

0-100 km/h за 6,9 s, крајна брзина 235 km/h, потрошувачка (град90120km/h) 12,5-7,2-8,8 L/100km, просек 9,5 L/100km, резервоар 70 L

View this post on Instagram

I don't make mistakes, I bury them..☠⚰ -WWE superstar The Undertaker ______________________ 🚗:@gera_g60 Tag us to be featured _______________________ Tag a friend who loves corrados DM your best high quality photos to be featured 🏆📷 Follow @encore.cars for more corrado content . . . #burnallthecorrados #saveallthecorrados #corrado ❤ #corradocartel #corradoslc #corradog60🔥 #corradovr6 #g60corrado 🖤 #vr6corrado #corrado16v #corrado8v⚡#vw #vr6 #vr6turbo ☠ #vr6society #vagnation #vwcorrado #80scars #90scars ❤ #londoncartel #vwscirocco ❤ #corradofamily #corradofamilia #coiloversuspension ❤ #corradoworldwide #burnallthesciroccos #burnallthemk2s #burnallthemk3s #53i 📷

A post shared by Encore.cars (@encore.cars) on

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Sorento веќе е трет најпродаван модел на Kia

Новиот Sorento веќе е трет најпродаван модел на Kia

bmw серија 4 блог

Блогерите пак со „услуга“ за BMW: Претпремиера на серија 4