Volkswagen Caddy: Од пикап до транспортер за секоја пригода

Од крајот на јуни ќе стартува четвртата генерација на Caddy, со поостри линии, нови мотори и нови системи за асистенција. Корените на моделската серија датираат од пред 40 години.

Првиот Caddy се појави на пазарот во САД, како Rabbit Pick-up на база на првата генерација на Golf. Моделот пристигна во Европа дури три години подоцна и оттогаш го носи името Caddy. За товарниот простор на двоседот со носивост од половина тон можеше да се нарача хардтоп од плексиглас или церада. Купувачите имаа избор од два мотора, бензинец со 70 КС и дизел со 54 КС. Производството се одвиваше до 1992 година во фирмата ќерка Volkswagen-TAS во Сараево. За некои пазари, моделот продолжи да се произведува во Јужна Африка до 2007 година.

Volkswagen Caddy 2
Volkswagen Caddy 2

Caddy 2 се произведуваше од крајот на 1995 до средината на 2003 година. За прв пат се нудеа верзии фургон и комби. Овие верзии сепак се базираа на Seat Inca/VW Polo и се произведуваа во фабриката на Seat во Марторел. Пикап-верзијата, пак, се произведуваше од средината на 1996 до крајот на 2000 година и беше идентична со товарниот модел што Skoda го изведе од својата Felicia. Оваа верзија доаѓаше од Квасини, Чешка.

Со воведувањето на комби верзијата се отворија нови можности и пазари за најмалечкото товарно возило на Volkswagen. Верзијата Caddy Family беше популарна кај младите двојки со деца и многу багаж. За професионална примена се изработуваа специјални верзии, вклучувајќи дури и модел со комора за замрзнување.

Volkswagen Caddy 3
Volkswagen Caddy 3

Третиот Caddy пристигна во 2003 година, на база на Golf V и со компоненти од Touran. Како вистински модел на Volkswagen, Caddy оттогаш се произведуваше само во новата фабрика во Познан. Носивоста се зголеми на 750 килограми и со 3,2 метри кубни имаше за 300 литри поголем корисен простор од претходникот. Комби верзијата се нудеше и во верзија со отстранлива трета клупа и простор за седум патници.

Volkswagen Caddy Maxi
Volkswagen Caddy Maxi

Во почетокот на 2004 година беше воведена „патничката“ верзија Life, а една година подоцна на салонот во Диселдорф беше претставен и Caddy Tramper, како мини кампер со лежај и странични џебови. На располагање беа по два бензинци и дизели, а од 2006 година се придружи и верзија со погон на метан. Во септември 2007 се појави и Caddy Maxi со близу половина метар подолга каросерија.

Volkswagen Caddy Tramper
Volkswagen Caddy Tramper

На крајот на 2010 година, Caddy доживеа темелен фејслифт. Под хаубата пристигнаа шест нови мотори TDI и TSI со потрошувачка намалена до 21 проценти, освежени пакети со опрема, поквалитетно изработен ентериер и отстранлива задна клупа.

Претходна објаваДошол како купувач, заминал како крадец со плен од 140.000 евра
Следна објаваМоже ли Fiat да биде Jeep?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here