Резултатите од барометарот на расположението на вработените во концернот Volkswagen во 2022 година се познати. Вкупниот индекс 82,4 е повисок од кога било досега, односно е повисок за 0,1 бод во споредба со лани.
Вработените во Volkswagen дадоа највисока оцена за својот концерн во 14-те години откако се организира барометар на задоволство. Директорот за персонал Гунан Килиан, коментира: „Годинава во барометарот на задоволство повторно учествуваа близу половина милион вработени.“ Резултатите овозможуваат менаџментот секогаш да има увид, како вработените го оценуваат концернот како работодавец.
„Тоа е посебно важно во немирни времиња, каква што е денешницата, за ние како светски обединет тим да можеме истовремено да надминуваме бројни предизвици“, објаснува Килиан. Се оценуваат работната клима, работните услови, и пред сé, соработката.
Резултатите од барометарот потоа се ставаат на дискусија пред менаџментот, со цел да се преземат соодветни мерки и на крајот да се постигне позитивно влијание врз културата на работното делување.
Највисоки оцени се добиени на прашањето колку вработените можат да се чувствуваат интегрирано во компанијата, односно колку се почитуваат етиката, моралот, неподмитливоста и слично. За ова прашање, добиени се 88 бодови или за 0,2 бод повеќе од лани.
Исто така позитивно се оценува соработката меѓу марките и здруженијата во концернот (+0,5 бод, вкупно 79,7 бодови). Најголемо подобрување има во поглед на угледот на концернот во јавноста и меѓу клиентите (+0,6 бо, вкупно 81,1 бодови). Напредок има и во организираноста (+0,2 бод, 84,1 бодови). Во оваа категорија се вклучени работната клима, угледот на претпоставените, како и транспарентниот начин на работа и придржувањето кон правилата и процесите.
Вработените ја ценат високо и можноста да се доквалификуваат за нови работни задачи (+0,5 бод, вкупно 82,2 бодови).
Барометарот на заоволство опфаќа вкупно 24 прашања. Крајната вредност се одредува како просек од сите одделни оцени. Право на учество имаат 600.000 вработени во вкупно 160 здруженија од сите марки во концернот Volkswagen.