
Фолксваген ќе вложи една милијарда евра во својата најголема фабрика за автомобилски компоненти во Баунатал, во близина на Касел. Концернот потврди дека ќе инвестира 800 милиони евра. Овие средства се наменети целосно за „производство на идните продукти“, односно за возила што ја користат новата платформа ССП. Престанатите 200 милиони евра ќе се искористат за останатите подрачја.
Голем број од деловите што се вградуваат во електричната погонска спрега за моделите врз платформата МЕБ и денес пристигаат од Касел, вклучувајќи електромотори и модули од т.н. енергетска електроника. Таму се врши и монтажа на батериски системи. Покрај тоа, во Браунатал и натаму се произведуваат менувачи за модели со мотор со внатрешно согорување.
Патот во иднината се нарекува ССП
Во оваа фабрика во иднина ќе се произведува и погонската спрега за возилата врз новата платформа ССП, што ќе ја користат сите марки во концернот. Првите модели се очекуваат во 2027/2028. Освен изработка на компоненти, во Касел сé повеќе се работи на рециклирањето.
[the_ad id=”85764″]
И покрај инвестирањето во неа, фабриката во Касел пак мора да ги исполни своите цели за штедење. Фабриката за компоненти исто така мора да даде свој придонес за планот на Фолксваген, за скусување на 35.000 работни места до 2030 година. Тоа ќе се постигнува главно преку пензионирање и отпремнина.
Сезонските работници ќе мора да си заминат по летово, обезбедени се 3.500 работни места на подолг рок. За 15.000 вработени во фабриката во Касел е загарантирано работното место во Фолксваген.















