Кина најавува договор со ЕУ околу царините за електрични автомобили

Кинеското министерство за трговија јавува дека преговорите со ЕУ околу поставување најниска цена за кинеските електрични автомобили „влегле во завршна постапка“, иако има уште многу работа до договорот

Донгфенг Нами Бокс на тестот на Аутомедиа; Тоа е најдостапниот електричен автомобил на домашниот пазар, со цена од 21.900 евра во основната изведба

Двете страни работат на договор, откако ЕУ во минатата година воведе висок царини за увоз на електрични автомобили од Кина, со образложение дека државните субвенции им обезбедиле нефер предност на кинеските возила.

Оттогаш нагло опадна продажбата на кинески ЕВ во Европа. Некои кинески марки се префрлија на приклучни хибриди, коишто не се предмет на царините, додека некои од нив, како БИД и Чери, градат производствени капацитети во Европа.

Преговорите постигнале „голем чекор напред во вистинска насока кон соодветно решение“, кога кинескиот министер за трговија Ванг Вентао, во почетокот на месецов остварил средба со комесарот за трговија на ЕУ, Марош Шефчович во Франција, стои во соопштението што кинеското министерство го објави на 7-ми јуни.

Двете страни им дале насоки на своите работни групи да ги засилат своите активности во насока на усогласување на разликите со правните системи во земјите и со правилата на Светската Трговска Организација, се наведува во соопштението.

[the_ad id=”85764″]

Во меѓувреме, Кина потврди дека ќе го забрза издавањето одобренија за извоз на ретки метали и минерали во Европа. За возврат, азиската нација негува надежи дека ЕУ ќе го засили извозот на производи со напредна технологија во Кина.

Претходна објаваПроизводителите на автомобили „во општа паника“ поради недостигот од ретки метали и минерали
Следна објаваФолксваген инвестира милијарда евра во фабриката во Касел и тоа пак е штедење

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here