Volkswagen ќе го произведува Polo во Кенија

Од следната година Volkswagen ќе започне со производство на Polo во Кенија, како трета земја во Африка со производствени погони на германската марка. Ова е првиот чекор на Volkswagen во остварувањето на планот за зајакнување на пазарното присуство во Азија, Африка и Јужна Америка.

Кенија е следната земја во којашто Volkswagen ќе го произведува Polo. Во фабриката на партнерот Kenya Vehicle Manufacturers од следната година ќе се произведуваат до 5.000 примероци од Polo Vivo годишно. Фабриката во Тика во близина на кениската престолнина Најроби е трета фабрика на Volkswagen во Африка. Автомобилите на германската марка се произведуваат и во Нигерија и во Јужна Африка. Оваа африканска земја сепак не е нов терен за Volkswagen, затоа што во 1960-те години таму се произведуваше „бубата“.

Уште пред крајот на минатата година, концернот Volkswagen најави дека ќе го зајакнува своето пазарно присуство во Азија, Африка и Јужна Америка. Производството на Polo во Кенија е прв чекор во таа насока на еден од овие пазари. Volkswagen веќе има силно присуство во Јужна Африка, кадешто секоја година се произведуваат над 100.000 автомобили.

Претходна објаваОва е Mercedes Sprinter од иднината: Со погон на струја, автономен и во мрежа
Следна објава462 КС за хибридната изведба на Porsche Panamera

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here