за

Volkswagen ќе го пензионира кабриолетот Eos

Европскиот број еден ќе престане со производство на кабриолетот со метален покрив Eos кон средината на годинава. По деветгодишна продукција и 230.000 произведени примероци, последниот примерок од моделот Eos ќе се произведе во мај во фабриката на Volkswagen во Палмела, Португалија. Кабриолетот на база на Golf е најуспешен модел со метален преклоплив покрив и долго време беше пазарен лидет во сегментот на компактни кабриолети. Во меѓувреме купувачите го изгубија интересот за кабриолетите со метален покрив, како тренд што го заживеаја Mercedes SLK и Peugeot 206 CC, преориентирајќи се повторно кон традиционалните кабриолети со платнен покрив. Во иднина, понудата на Volkswagen во овој сегмент ќе се концентрира на Golf Cabriolet и Beetle Cabriolet, чијашто продажбата се одвива беспрекорно.

Гигантот од Волфсбург го претстави Eos на салонот во Франкфурт во 2005 година, под раководство на тогашниот шеф на групацијата Volkswagen, Волфганг Бернард, којшто потоа се врати во Daimler. Во есента во 2010 година, четириседот со петделен покрив доживеа темелен фејслифт.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ново мерење на потрошувачката од 2017: Хибридите ја губат предноста

Kia cee’d: Нов мотор, нов менувач и нов пакет опрема