Volkswagen се спогоди со добавувачите, производството продолжува

Во „Градот на Волците“ повторно се дише слободно. Volkswagen се спогоди со босанскиот добавувач Prevent. Целата автомобилска бранша треба да извлече поука од овој случај.

Поради недостиг од облоги за седишта и леени делови за менувачи, Volkswagen се подготвуваше да ја намали продукцијата во шест фабрики. Концернот од Волфсбург сепак успеа да се спогоди со своите добавувачи. Од групацијата Prevent, којашто потекнува од Босна и од неодамна е сопственик на двата проблематични добавувачи, соопштија дека испораката за Volkswagen продолжува.

Преговорите меѓу Volkswagen и добавувачот Prevent траеше околу дваесет часови. По завршените преговори, договорено е обете претпријатија во сопственост на Prevent, специјалистот за текстил Car Trim и производителот на компоненти за менувачи ES да продолжат со испорака на потребните количини за концернот. Производството во Volkswagen може да стартува веднаш, планираното скусено работно време се откажува. Детали од спогодбата не се соопштуваат.

Околу три четвртини од деловите се испорачуваат од добавувачите

Случајот со Volkswagen ја открива големата зависност на автомобилските концерни од нивните добавувачи. Околу 75 проценти од компонентите на автомобилите денес се испорачуваат од фирмите добавувачи, почнувајќи од менувачи и делови за каросерија, преку браници и светла, до цели електрични мрежи. Само во производството на Golf, најважниот модел на Volkswagen, учествуваат околу 500 добавувачи.

Во минатото постоеше обратна зависност. Добавувачите зависеа од налозите што ги добиваа од производителите на автомобили. Експертите ценат дека тоа што се случува денес е „асиметрија на моќите“. Производителите сами одредуваат на кого ќе му го доделат налогот за испорака, со што се поттикнува конкуренцијата меѓу одделните добавувачи. Тоа резултира со постојано намалување на цените. Големите производители бараат и соодветно големи попусти од своите добавувачи.

Prevent против Volkswagen е типичен пример за Давид против Голијат

Можно е притисокот во овој случај да бил преголем. Добавувачот Prevent запре со испорака на деловите за Volkswagen. Концернот се најде во безислезна ситуација, затоа што компонентите ги набавуваше само од еден добавувач. „Давид“ му покажа на „Голијат“ дека и неговите моќи имаат граници.

Но, од друга страна, ниту распределувањето на налозите на повеќе добавувачи не носи предности. Кога повеќе добавувачи го произведуваат истиот дел, продукцијата се намалува за одделните добавувачи, што носи зголемување на трошоците и намалување на рентабилноста. Аналогно на тоа, кога еден добавувач испорачува одредена компонента, цената се намалува. Контролата на квалитетот исто така профитира кога деловите потекнуваат од едно место.

Prevent води судски спор и со Daimler

Причините за спорот со Volkswagen не се познати. Но, познато е дека Prevent има поднесено тужба и против концернот Daimler. Можно е да се работи за „обична“ калкулација.

Во меѓувреме некои медиуми „објавија“ дека Volkswagen го искористил Prevent за врз него да ја префрли вината поради препродукцијата на Golf. Зарем некој разумен навистина би си дозволил да помисли дека автомобилските гиганти можат да произведат премногу возила? Случајно? Така се погодило? Тоа не е ништо друго освен етика погазена од користољуибие.

Претходна објаваПроизводството на Ford GT продолжено за уште две години
Следна објаваAston Martin Vanquish Zagato пристига во отворена верзија на Пебл Бич

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here